Македонија

Ахмети: Излезете на гласање, заштитете ја албанската застапеност во Собранието на Србија

Ги повика Албанците во Прешево, Бујановац и Медвеѓа масовно да учествуваат на денешните парламентарни избори во Србија

 

 

Во објава на Фејсбук, Ахмети ја истакна важноста на албанската политичка застапеност во Собранието на Србија, особено во однос на заштитата на националните, јазичните и граѓанските права.

„Политичката застапеност на Албанците во Собранието на Србија е од особено значење за заштита на националните, јазичните и граѓанските права, како и за укажување на дискриминацијата, неправдите и предизвиците со кои се соочуваат Албанците во овие средини.
На овие избори, албанските политички сили настапуваат обединето, преку заедничка листа наречена ‚Албанска коалиција‘ (Koalicioni Shqiptar), која е заведена под број 17.

Големата излезност е можност за изразување на слободната волја и за зајакнување на демократската застапеност на Албанците“, порача Ахмети.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top