Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски ја бетонира позицијата партиски извршител на СДС и ДУИ

Обвинителската служба на Коцевски одамна не е инструмент на правдата, туку е гарант за удобен имунитет за сите блиски до Филипче, Заев и сличните

„На обвинителската маса на Коцевски наместо правда, има партиски список за заштита од одговорност на функционерите на СДС и ДУИ.

Пред очите на целокупната јавност се потврди причината зошто не се отвораат предмети, не се покренуваат обвиненија и покрај очигледните сомнежи за корупција и криминал и зошто предметите се кријат во фиока или заглавуваат низ обвинителските лавиринти“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека кај обвинителт Љубомир Коцевски не постои морална вертикала ниту пак професионална одговорност за самиот да си поднесе оставка.

„Коцевски не реагира на фактот што довербата кај народот е помалку од 2 проценти, ниту пак дека му е изгласана интерпелација во Собранието. Коцевски ја држи во заложништво правдата и владеењето на правото во државата.

Со што се задолжи толку Коцевски кај СДС и ДУИ што и покрај недовербата кај народот и интерпелацијата не поднесува оставка? –  прашуваатод ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение во кое уште еднаш бараат републичкиот обвинител да си поднесе оставка.

„Обвинителската служба на Коцевски одамна не е инструмент на правдата, туку е гарант за удобен имунитет за сите блиски до Филипче, Заев и сличните.

Коцевски не смее да даде оставка бидејќи сега им е најпотребен на СДС и ДУИ, им треба, за да им обезбеди правна хибернација на тие од врвот на СДС што сега уживаат во мирно политичко пензионирање наместо да се во судските сали.

Коцевски не дава оставка бидејќи ги чува предметите за СДС и ДУИ да фаќаат прашина.

Обвинителот кој штити политичари треба да си замине од позицијата“ се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавеното видео не е напад, туку „огледало во кое Трендафилов не може да се погледне“, а „нападот“ врз Стојаноска бил само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и кој кога нема аргументи, се служи со навреди и етикетирања.

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

To top