Регион

Во Приштина бесни за транспарентот „Косово е Србија“ во Познањ, ќе се жалат до УЕФА

Фудбалската федерација на Косово бара санкции и за Лех, но и за Црвена звезда, која му се заблагодари на домаќинот

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) најави жалба до УЕФА за транспарентот со пораката „Косово е Србија“ испишан на српски јазик врз боите на знамето на Србија, што навивачите на полски Лех го истакнаа на својата трибина во текот на целиот натпревар со Црвена звезда синоќа во Познањ.

„Фудбалската федерација на Косово ги оценува овие дејствија како сериозна политичка провокација, срамна и неприфатлива на спортски настан, како и грубо кршење на правилата и принципите на УЕФА, кои забрануваат какви било политички или дискриминаторски пораки на стадионите. Ова се однесувања што не му служат на фудбалот и претставуваат поттикнување на омраза и повреда на спортскиот интегритет“, се вели во соопштението на ФФК.

„ФФК, веднаш по забележувањето на таквото прекршување, покрена постапка за поднесување официјална жалба до УЕФА, барајќи дисциплински мерки против клубот Лех, одговорен за однесувањето на своите навивачи, како и против Црвена звезда за јавни изјави со кои поттикнува и легитимира пораки против државата Косово. ФФК, како членка на УЕФА, ги брани и промовира вредностите според кои фудбалот мора да остане надвор од политичките провокации и да служи како мост на поврзување, а не на поделба, и решително бара и другите членови на Федерацијата да ги заштитат овие принципи“, се додава во соопштението.

„Благодариме Лех Познањ“, порачаа од Звезда преку социјалните мрежи по првиот дуел од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, кој гостите го добија со 3:1.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Најнови вести

To top