Македонија

Фатени 147 дрвокрадци, запленети 734 кубни метри дрва

Во акциите против дрвокрадците, Шумската полиција привремено одзела 11 товарни и 15 патнички моторни возила, осум трактори, 13 приколки и 18 моторни пили

Само минатиот месец, во интензивираните акции на Шумската полиција  против бесправната сеча, транспортот и трговијата со дрвна маса од незаконско потекло, биле запленети 734 кубни метри дрва и поднесени биле 147 прекршочни и кривични пријави – информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Најголем дел од одземената количина сочинуваат даб и бука, односно запленети беа 288 кубни метри даб и 274 кубни метри бука. Преостанатиот дел од запленетата дрвна маса опфаќа 51 кубен метар мешано дрво и 121 кубен метар техничко дрво (трупци)“, соопштија од ова министерство.

Во акциите против дрвокрадците, Шумската полиција привремено одзела 11 товарни и 15 патнички моторни возила, осум трактори, 13 приколки и 18 моторни пили, а до надлежните судови биле поднесени 122 прекршочни пријави, додека до Основното јавно обвинителство 25 кривични пријави.

„Од дрвокрадството заработуваат поединци, а штетата ја трпат сите граѓани. Затоа продолжуваме со засилените контроли и одлучно ќе се постапува против секоја незаконска активност со која се уништуваат шумите.

Ќе бараме одговорност и од оние што бесправно сечат и од оние што ги препродаваат дрвата. Шумите се заедничко богатство и наша обврска е да ги заштитиме“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top