Македонија

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

„Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската Алта банка. Овие случувања отвораат сериозни прашања за улогата на ДУИ, поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими и трансакциите за кои се потребни итни одговори“ соопштија од ВРЕДИ.

Од партијата велат „во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, Владата предводена од СДСМ и ДУИ ѝ даде согласност на Државната правобранителска служба да постапува во врска со продажбата на државните акции во Стопанска банка Битола, која подоцна беше купена од Алта банка. Во меѓувреме, компанијата AS Senjak, за која во јавноста се изнесени тврдења за семејна поврзаност со Али Ахмети, се споменува во неколку трансакции кои бараат целосна истрага: во октомври 2024 година стекнала акции во Стопанска банка Битола, во јуни 2025 година компанија во која е косопственик добила кредит од 5 милиони евра од Алта банка, додека во септември 2025 година нејзините акции во оваа банка ѝ биле продадени токму на Алта банка“.

„Али Ахмети и ДУИ мора да одговорат: какви врски имаат со сопственикот на AS Senjak и дали биле запознаени со овие трансакции? И улогата на Фатмир Бесими во одлуките од 2023 година треба да биде предмет на проверка од надлежните институции. Со години ДУИ го користеше патриотизмот како политички штит. Денес, кога се поставуваат прашања за финансиските односи со српскиот бизнис-свет, наместо одговори, избира да напаѓа по прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик и за правичната застапеност. Но, за албанскиот јазик и правата на Албанците има кој да се грижи. ВРЕДИ ги решава овие прашања преку законски решенија и конкретни одлуки. Правосудниот испит на албански јазик станува реалност, а ДУИ не може ова достигнување да го користи како изговор за да ги избегне прашањата за Алта банка“ е ставот на ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

Најнови вести

To top