Македонија

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

Одговарајќи на новинарски прашања за предизвиците со кои се соочуваат уставните судии, Костадиновски рече дека неговото присуство во медиумите не е за популаризација, туку за справување, како што рече, со манипулациите и невистините за работата на судот.

– Јас и некои мои колеги сме присутни во медиумите не да станеме популарни или да ги популаризираме нашите одлуки, туку да одолеваме и да се бориме со манипулациите и со лагите што се шират за работата и за постапките. Пред нашиот Уставен суд имаше протести, имаше шатори, беше поведена постапка за моја интерпелација во Собранието, која јас ја квалификував како најдобар комплимент за мојата работа. Зошто? Затоа што, според мене, постојат два критеруми – дали Уставниот суд и тој што е на негово чело ја работат својата работа правилно. Првиот се граѓаните на улица, кои ми пристапуваат и се задоволни од мојата работа, и вториот е нервозата кај политиката и кај носителите на државните органи. Штом тие се нервозни, тоа значи дека Уставниот суд добро си ја врши својата работа. Од едноставна причина што наша суштествена работа е да ја држиме политиката во правни рамки, да не излегува од рамките и неслучајно во видеото реков – никој нема повеќе право од она што му го дава Уставот. Единствен што ќе ги држи политиката и државните органи во рамките на правото е Уставниот суд – изјави Костадиновски.

Прашан дали политичките притисоци ја прават онаа недоверба на граѓаните кон судската власт, Костадиновски одговори дека која било од властите, ако се соочува со историски најниска доверба, таа е резултат на целиот систем.

– Значи, не може да речеме судската власт има 2 отсто доверба, а другите власти имаат огромна доверба, немаат, затоа што тој е резултат на системот. Организацијата на државната власт е како оркестар. Тој оркестар, доколку не е добро наштиман, доколку не комуницира, не изразува почитување, тој ќе личи на ненаштиман оркестар. Ако секој си ја свири својата песна, на што ќе личи тоа? – вели Костадиновски.

Костадиновски се осврна и на некомплетниот состав на Уставниот суд нагласувајќи дека институцијата треба да функционира со девет судии, како што е предвидено со Уставот.

– На многу места гледаме како политиката, односно како извршната или законодавната власт може да влијае на работата на Уставниот суд, или со назначување подобни, условно кажано, подобни судии или со непополнување на составот на Уставниот суд. Смислата на Уставот е да постои Уставен суд и тој суд да биде составен од девет судии, еве јас сум бил дел од Уставниот суд што работел со пет судии, и тоа речиси две години. Дали е тоа нормално? Значи, тоа е нарушување на смислата и на духот на Уставот. Уставниот суд постои како орган со јасни надлежности и треба да е составен од девет судии, а не од пет. Значи, тоа е еден од начините на влијание на политиката – рече Костадиновски.

Тој додаде дека Венециската комисија во изминатиот период веќе донесе многу важни правни ставови и дека во многу земји мандатот на уставните судии е ограничен на девет, на 12 години, за да не се создава јаз во работата, празнина во работата на уставните судови, тие дозволуваат мандатите на уставните судии да бидат проширени до изборот на нов.

– Значи, тоа се значајни новини и тие се реакција на овие начини на влијание на политиката врз уставниот систем. Не е сеедно дали судот ќе одлучува со девет судии или со пет или шест – рече претседателот на Уставниот суд.

Костадиновски рече дека се надева оти најбргу што може ќе биде комплетиран составот на судот.

– Го имам кажано ставот – тоа не е став, тоа е заклучок на судот. Нашиот суд има заклучено дека, условно кажано, таканаречените сензитивни предмети, односно предмети што уживаат многу широк јавен интерес, како што се Законот за употреба на јазиците, хашките случаи и други предмети, ќе се одлучуваат само и само кога ќе биде целосен составот на Уставниот суд. Сè до тој момент не е во ред бидејќи тоа се многу значајни предмети што може да создадат тензии – како што гледате, и создаваат тензии во општеството. Од таа причина, одлуката, т.е. заклучокот на судот е тој. Тогаш кога ќе се комплетира судот, јас тоа веќе сум го кажал и си стојам на зборот, тогаш и ќе се постапува. Не правам компромиси со никој – вели Костадиновски.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Најнови вести

To top