Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

Компанијата 4iG IT Ltd. дел од 4iG Групацијата и Министерството за јавни работи на Црна Гора потпишаа договор за дигитализација и технолошка модернизација на институциите задолжени за спроведување на законот и граничната заштита. Договорот беше потпишан на 20 октомври 2026 година, на свечена церемонија во рамки на Инвестициската конференција ЕУ – Црна Гора (AIM 2026), одржана во Портонови.

За реализација на проектот е предвиден вкупен буџет од 54,25 милиони евра, наменет за модернизација на опремата и системите кои ги користат надлежните институции во областа на безбедноста и граничната заштита. Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, како краен корисник, ќе учествува во дефинирањето на техничките барања и одобрувањето на решенијата. Инвестицијата има цел да ги зајакне капацитетите на безбедносните и граничните служби, во согласност со подготовките на земјата за членство во Европската Унија.

Со договорот се утврдуваат условите и рамката за реализација на проектот, кој првпат беше најавен во март 2026 година. Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи.

„4iG Групацијата е присутна во Црна Гора веќе пет години. Нашето партнерство со Владата на Црна Гора отсекогаш се темелело на меѓусебна доверба и посветеност на долгорочниот развој на земјата, а ние продолжуваме да ја градиме оваа соработка врз истите принципи. Нашата заедничка цел е да обезбедиме современа технологија, заедно со знаењето и експертизата потребни за нејзина ефикасна примена. Зајакнувањето на капацитетите на безбедносните служби и граничното управување претставува важен чекор во подготовките на Црна Гора за членство во Европската Унија. За нас е чест што можеме да придонесеме со нашата експертиза како партнер во овој процес“, изјави Габор Радо, главен извршен директор на 4iG IT Ltd.

Проектот опфаќа модернизација на технологиите за гранични проверки, унапредување на комуникациските системи и ИТ-инфраструктурата. Во рамки на договорот, 4iG IT ќе обезбеди опрема и технолошки системи, нивна инсталација, пуштање во употреба и системска интеграција, како и специјализирани обуки и експертска поддршка. Новите решенија ќе овозможат подобра технолошка поддршка за секојдневното работење на надлежните институции и поефикасно спроведување на граничните проверки.

„Со потпишувањето на овој договор со нашите унгарски партнери, отворивме ново поглавје во соработката насочена кон развој и модернизација на инфраструктурата за гранична безбедност на Црна Гора. Овој договор претставува важен чекор кон зајакнување на капацитетите на нашата гранична полиција, воведување напредни технолошки решенија и создавање услови за затворање на Поглавјето 24 во преговорите со Европската Унија. Преку оваа соработка создаваме нови можности за размена на знаења и примена на европските стандарди. Министерството за јавни работи останува посветено на реализација на стратешки проекти што ја поддржуваат модернизацијата на Црна Гора, рамномерниот регионален развој и подобрувањето на квалитетот на животот на нејзините граѓани. Денешното потпишување воедно го потврдува силното партнерство меѓу Црна Гора и Унгарија, како и нашата заедничка посветеност на долгорочниот и одржлив развој на земјата на нејзиниот пат кон Европската Унија“, изјави Мајда Аџовиќ, министерка за јавни работи на Црна Гора.

Потпишувањето на договорот претставува значаен чекор во проширувањето на активностите на 4iG Групацијата во Западен Балкан, особено во областа на дигитализацијата и системската интеграција, надополнувајќи го нејзиното постојно присуство во телекомуникацискиот сектор. Проектот воедно овозможува примена на меѓународно ниво на искуството на 4iG IT стекнато во Унгарија и придонесува за извозот на унгарското знаење и експертиза во областа на информатичките и комуникациските технологии.

4iG Групацијата е еден од најголемите инвеститори во Црна Гора, каде што е присутна од 2021 година преку својата подружница ONE Crna Gora, еден од водечките мобилни оператори во земјата. Како стратешки партнер на црногорската Влада, Групацијата во изминатите години реализираше значајни инвестиции во модернизацијата на телекомуникациската мрежа, учествува во изградбата на 5G-инфраструктурата и активно придонесува за развојот на дигиталниот екосистем и воведувањето иновативни технологии.

Истовремено, преку компанијата „Оне Македонија Телекомуникации“, 4iG Групацијата го проширува своето регионално присуство со развој на нов, трет мобилен оператор и современа 5G-инфраструктура во Северна Македонија.

Најнови вести од: Бизнис

В среда продолжува Комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година

За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти во согласност со законското усогласување.

АЕТМ: Половина од онлајн купувачите во Македонија плаќаат исклучиво во готовина при достава

Новата Анализа на плаќањето при достава и дигиталните плаќања во е-трговијата во Македонија за 2026, спроведена од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија со поддршка на Visa и презентирана на деветтата Регионална конференција за е-трговија во Скопје, открива значителен јаз меѓу пристапот до платежни инструменти и нивната реална употреба.

Првата аукција на 30 ноември – Народна банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“

Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

MTEL им подарува SkyShowtime на корисниците – повеќе филмови, серии и забава

Од 16 ноември, корисниците што ќе склучат договор за mSAT, MOVE, mBOX или mCONNECT ќе добијат ваучер за пристап до SkyShowtime Standard пакетот без дополнителен надомест во текот на промотивниот период. Така ќе можат да уживаат во широк избор меѓународни филмови и ТВ содржини.

Коњановски: Декарбонизација не значи деиндустријализација

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните

To top