Македонија

Андоновски: Ако утре почне преговори за ЕУ, Македонија ќе ги претрка Албанија и Црна Гора

Според министерот за дигитална трансформација, оценката на ЕУ за земјава е под влијание на нерешените политички прашања

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски е уверен дека Македонија би ги престигнала Албанија и Црна Гора на патот кон Европската унија кога утре би ги почнала преговорите.

„Сигурен сум дека ако утре ги започнеме преговорите, Македонија ќе биде земјата која ќе ги претрка Албанија и Црна Гора. Напредокот што сме го направиле во прилагодувањето на европскиот пазар, приближувањето до единствениот европски дигитален пазар и реформите во јавната администрација го прави тоа можно“, објасни тој во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Според Андоновски, неодамнешниот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија бил под влијание на нерешените политички прашања.

„Сè додека не го разрешиме политичкото прашање, тоа влијае и на другите области и на оценките кои ЕУ ги има за Македонија“, смета министерот.

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top