Бизнис

Apple ја отстрани апликацијата Telegram од App Store, па се премисли

Обвинувања за неотстранување на забранети содржини

Apple привремено ја отстрани апликацијата за размена на пораки Telegram од App Store, откако утврдила дека на платформата имало содржини што ги прекршуваат правилата на компанијата во врска со забранети материјали поврзани со злоупотреба на деца.

Апликацијата доцна во понеделникот беше повлечена од App Store за iPhone и iPad.

Од Apple соопштија дека по спроведената проверка било утврдено постоење на спорна содржина на Telegram. По реакцијата на компанијата, Telegram веднаш ја отстранил содржината и го блокирал корисникот што ја објавил, по што апликацијата повторно била вратена во App Store.

По повод случувањата, од Telegram на социјалната мрежа X објавија порака: „Извештаите за мојата смрт се во голема мера претерани“, алудирајќи дека платформата повторно е достапна.

Во меѓувреме, основачот и извршен директор на Telegram, Павел Дуров, на 30 јуни беше ставен на руската листа на терористи и екстремисти.

Покрај тоа, австралиската канцеларија на комесарот за безбедност на интернет покрена постапка против Telegram, обвинувајќи ја платформата дека не отстранила содржини поврзани со тероризам.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top