Бизнис

„Бела книга“ за 20 години ЕВН Македонија

Публикацијата нуди јасен и структуиран увид во трансформацијата на енергетскиот систем, како и улогата на влијанието на ЕВН Македонија врз економскиот и општествениот развој во периодот од 2006 до 2026 година

Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје(УКИМ) изготвија студии за влијанието на ЕВН Македонија во националната економија и енергетика, како и општеството во целина во последните 20 години. Студиите од двете академски институции се обединети во една заокружена и сеопфатна целина наречена „Бела книга“ на достигнувања. Публикацијата нуди јасен и структуиран увид во трансформацијата на енергетскиот систем, како и улогата на влијанието на ЕВН Македонија врз економскиот и општествениот развој во периодот од 2006 до 2026 година.

Резултатите од социо-економската и енергетската студија сублимирани во т.н. „Бела книга“, беа презентирани  на свечена промоција што се одржа во просториите на Филхармонија во Скопје, во присуството на високи владини функционери, претставници на институциите и академската фела, деловни партнери и соработници. Настанот го отвори претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер, а кон присутните се обратија и претседателот на Собранието, Африм Гаши и министерката за енергетика, Сања Божиновска и претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо. Свои презентации имаа проф. д-р. Мијалче Санта, декан на Економскиот факултет при УКИМ и проф. д-р. Александра Крколева-Матеска од Факултетот за електротехника и информациски технологии, по што следеше панел дискусија за клучните наоди.

Согласно наодите од студијата, ЕВН Македонија до крајот на 2026 заокружува инвестиции во вредност од 837,46 милиони евра, генерирајќи 1,4% ефект врз БДП, 95 милиони евра директен придонес, 150 милиони евра годишен економски ефект и 28 милиони евра фискален придонес. Во студијата се потенцира дека целосната добивка на компанијата низ целиот овој период е реинвестирана во македонската економија, наспроти просекот на странските компании кои дури 70% од добивката ја трансферираат надвор од земјата.

Со 928.000 корисници, ЕВН континуирано инвестира во унапредувањето на корисничкото искуство. Покрај 19 Кориснички енерго центри низ државата, компанијата располага со 24/7 контакт центар и е-платформи со целосно дигитализирани кориснички и технички услуги.

Во изминатите две децении, модернизацијата на дистрибутивната мрежа и зелената транзиција претставуваат едни од најзначајните столбови на развојот на ЕВН Македонија. Реализиран е обемен инвестициски циклус со изградба на 5.561 км нова и реконструкција на 3.056 км постојна мрежа, како и со 1.368 новоизградени и 1.761 модернизирани трафостаници. Овие инвестиции резултираа со значително унапредување на ефикасноста и сигурноста на системот, при што загубите во мрежата се намалени од 24% на 14%.

Во делот на обновливите извори на енергија, ревитализирани се 11 мали хидроцентрали со вкупен капацитет од 47 MW и годишно производство од 140 GWh, изградени се 9 фотоволтаични централи со капацитет од 33 MW и производство од 46 GWh, реализиран е батериски систем со капацитет од 10 MW / 20 MWh со дополнителна надградба од уште 20 MWh, а воспоставени се и 120 места за полнење во рамки на проектот за електромобилност.

Во студијата е наведено дека  компанијата преку своето работење директно и индиректно поддржува 3.918 работни места, останувајќи посветена на развојот на вработените и општествениот развој, со овозможување на обуки, едукативни кампањи за енергетска ефикасност, волонтерски акции, како и стипендии и дуално образование. Поддршката на општествени проекти и иницијативи останува важен дел од корпоративната одговорност. Компанијата поседува и Изложбен едукативен центар „Матка“ од јавен интерес – посветен на сите идни генерации.

Во изминатите 20 години, компанијата беше целосно посветена на стратешкиот енергетски развој, давајќи притоа значаен придонес во јакнењето на националната економија, унапредувањето на условите за бизнис-заедницата и модернизацијата на енергетската инфраструктура.

По 20 години работа, значајни инвестиции и силни партнерства, ЕВН Македонија ја продолжува својата јасна и долгорочна визија за модерна, стабилна и одржлива енергетска иднина во земјата, соопшти компанијата.

Најнови вести од: Бизнис

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

To top