Македонија

Прекини на вода и струја во повеќе скопски населби

Делови од Скопје денес ќе останат без вода и електрична енергија поради планирани интервенции на екипите на ЈП „Водовод и канализација“ и ЕВН Македонија.

Делови од Скопје денес ќе останат без вода и електрична енергија поради планирани интервенции на екипите на ЈП „Водовод и канализација“ и ЕВН Македонија.

Според информациите од ЈП „Водовод и канализација“, поради изведување водоводен приклучок од Ф-100 мм на улицата „Гемиџиска“ (крак 1 и крак 2), од 8:30 часот до завршување на работите без вода ќе бидат корисниците на улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во Општина Гази Баба.

Поради поставување нов систем за автоматско управување во Хидрофор Бардовци, со фреквентни регулатори, од 8:30 до 14:30 часот можен е намален притисок или прекин во водоснабдувањето во делови од Бардовци.

Од ЕВН Македонија информираат дека денес без електрична енергија ќе останат:

од 8:00 до 13:00 часот – селата Рашче, Копаница и Бојане (Општина Сарај);

од 8:00 до 14:00 часот – улицата „Богомилски поход“ во населбата Лисиче (Општина Аеродром);

од 8:00 до 16:00 часот – дел од потрошувачите на улица 3 и „Индира Ганди“;

од 9:30 до 14:30 часот – дел од улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и зградата 8 на улицата „Виа Игнација“.

Најнови вести од: Македонија

Шасивари ќе бара мислење од Венецијанската комисија за измените, поврзани со полагањето на правосудниот испит

Министерството за правда започна консултации со правните факултети и студентите за предложените измени поврзани со полагањето на правосудниот испит. Целта е да се слушнат ставовите на академската заедница и да се дојде до правно издржано решение што ќе ги почитува јазичните права и професионалните стандарди. Министерот за правда Јетон Шасивари истакна дека измените нема да […]

МНР: Навредливи се и провокативни изјавите на Демерџиев и Радуков за Михајлова – тоа е директно мешање во внатрешните работи на македонската држава!

На средбата, како што соопшти МНР на Република Македонија, било изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна.

Поетот Никола Маџиров: Не е најболно тоа што победниците ја пишуваат историјата — туку тоа што тие ги тераат понижените да ја читаат

„Сведоци сме дека сите војни почнуваат со тргување на историите и митовите, а потоа почнуваат одземањата на личните приказни, веднаш штом ќе се исцртаат новите поствоени граници. Моите предци одлучиле да им биде одземен домот наместо личните приказни и така ме задолжија да се сеќавам без да мразам, да пишувам без да верувам во изделканите истории. Затоа што постојат личните приказни прераскажани од гласовите што не се составени од коски, туку од вистини кои не можат да се кремираат или да се изложат пред црвите на времето“, вели најуспешниот современ македонски поет, чија поезија стана препознатлив дел од модерната светска поетска сцена, без да мора читателот прво да знае многу за Македонија.

Дете (13) тепано брутално од 15 малолетници на плоштадот во скопско Влае и со метален предмет – скршени му се забите и нанесени сериозни повреди

Тринаесетгодишно дете било физички нападнато од група малолетници во скопската населба Влае, а според неофицијалните информации, нападот бил толку брутален што детето останало со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Според сведоштва, во тепањето бил употребен и метален предмет. Нападот се случил во саботата, на плоштадот „Делфина“, околу 00:30 часот. Според информациите што се […]

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

Најнови вести

To top