Бизнис

Британскиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој

Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов. За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој.

Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена одговорност и долгорочната посветеност на одржлив раст и глобална пазарна диференцијација.

„Алкалоид“ АД Скопје е присутен на пазарот во Обединетото Кралство од 2007 година, кога британската Агенција за лекови и медицински помагала (MHRA), избрана од компанијата како референтен регулатор, по извршената инспекција на производствените капацитети, на сегментот фармација му додели сертификат за сообразност со ЕУ-стандардите за добра производствена пракса (ЕU-GMP). Набргу потоа беше издадена и првата дозвола за пласман на лекот Лизиноприл. Денес „Алкалоид“ има над 1.000 дозволи за пласман на свои фармацевтски производи на пазарите во Европската Унија.

По излезот на Обединетото Кралство од Европската Унија, во 2021 година „Алкалоид“ ја основаше својата подружница Alkaloid UK Limited, со цел отворање нови можности и форми за проширување на операциите. Велика Британија претставува особено пребирлив и конкурентен пазар на кој влезот е исклучително сложен, пред сѐ поради високите стандарди што мора да ги исполнат производителите во рамките на една од најстрого регулираните индустрии во светот – фармацевтската. Проценките се дека до крајот на 2026 година пласманот на фармацевтските производи на „Алкалоид“ на британскиот пазар ќе достигне околу 4 милиони евра. Од 2023 година „Алкалоид“ АД Скопје е член на Британската бизнис-асоцијација (ББА), која, во тесна соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје, работи на унапредување на конкурентната, транспарентна и современа бизнис-средина. Асоцијацијата се позиционира како препознатлива платформа за промоција на иновации, одговорни деловни практики и нови економски трендови.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top