Бизнис

Дали ќе поскапи храната во пресрет на празниците?!

Министерот Дурмиши најави силна економска агенда на Министерството за економија и труд во 2026 година и пред сè, старт на два многу важни економски закони Законот за вработување на сезонски работници и Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

За министерот за економија Бесар Дурмиши цените на храната не биле покачени, па така граѓаните нема да се соочат со ценовен шок во пресрет на празниците. Сите оние трговци кои ставаа цени од ракав, биле парично казнети, рече министерот за економија Бесар Дурмиши. Пазарната инспекција, додава, постојано била на терен и до крај на годинава контролите ќе бидат уште позасилени, со цел да се избегнат нерегуларности.

Министерот Дурмиши рече дека нема да има новогодишна кошница, а  нема да има мерки за ограничување на цените бидејќи прехранбените производи не биле многу покачени.

  • Кога имаше девијантно однесување од страна на трговците преземавме мерки кои беа краткорочни решенија. Засега нема потреба од такво нешто, бидејќи нема зголемување на цените на тие производи кои се употребуваат за празниците. Државниот пазарен инспекторат е постојано на терен и прави контроли. Само за 2025 година направени се рекорден број контроли и изречени се казни во вредност од 2,5 милиони евра на трговци кои не го почитувале законот и ги зголемиле цените, изјави Дурмиши.

Според него, причината што не се дозволија повисоки плати е тоа што продуктивноста во државата не е на потребното ниво. За нефер однесувањето од страна на некои трговци за енормно поскапување на артилите, беа донесени мерки со краткорочни решенијам кој вродија со плод вели министерот за економија. Од 1 јануари 2026, Владата ќе започне со пресметка на „просечна потрошувачка кошничка“ за едно семејство, паралелно со синдикалната минимална.

Министерот Дурмиши најави силна економска агенда на Министерството за економија и труд во 2026 година и пред сè, старт на два многу важни економски закони Законот за вработување на сезонски работници и Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Во однос на минималната плата, министерот рече дека ставот е јасен и темелен на официјални економски показатели. Како што посочи, инфлацијата покажува знаци на стабилизација, а законски утврденото усогласување во март останува единствениот одржлив и предвидлив механизам за раст на минималецот. Тој појасни дека Министерството за економија ќе води евиденција за склучените договори за доделување на финансиска поддршка и еднаш годишно ќе доставува извештај до комисијата за заштита на конкуренција.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top