Бизнис

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

Вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор. Орочените депозити на домаќинствата (без средствата на трансакциските сметки), бележат годишно зголемување од 5,7%, соопшти Народната банка.

Кредитната активност бележи раст од 14,1% на годишна основа. Раст е забележан кај двата сектора, при поголем годишен придонес на корпоративниот сектор.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на овој линк.

Најнови вести од: Бизнис

В среда продолжува Комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година

За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти во согласност со законското усогласување.

АЕТМ: Половина од онлајн купувачите во Македонија плаќаат исклучиво во готовина при достава

Новата Анализа на плаќањето при достава и дигиталните плаќања во е-трговијата во Македонија за 2026, спроведена од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија со поддршка на Visa и презентирана на деветтата Регионална конференција за е-трговија во Скопје, открива значителен јаз меѓу пристапот до платежни инструменти и нивната реална употреба.

Првата аукција на 30 ноември – Народна банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“

Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

MTEL им подарува SkyShowtime на корисниците – повеќе филмови, серии и забава

Од 16 ноември, корисниците што ќе склучат договор за mSAT, MOVE, mBOX или mCONNECT ќе добијат ваучер за пристап до SkyShowtime Standard пакетот без дополнителен надомест во текот на промотивниот период. Така ќе можат да уживаат во широк избор меѓународни филмови и ТВ содржини.

Коњановски: Декарбонизација не значи деиндустријализација

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните

To top