Бизнис

Џеф Безос: ВИ може да донесе тридневна работна недела

Основачот на „Амазон“ оптимист за растот на продуктивноста

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, изјави дека верува оти вештачката интелигенција би можела да создаде доволно раст на продуктивноста за да им овозможи на Американците да се префрлат на тридневна работна недела или да се потпрат на еден приход во домаќинството. Со тоа ги отфрла загриженостите дека технологијата би довела до масовни загуби на работни места.

Извршниот претседател на „Амазон“ го следеше говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за време на состанокот со технолошки директори за ВИ во Источното крило на Белата куќа. Во интервју за „Фокс њуз“ Безос изјави дека зголемувањето на продуктивноста од ВИ би можело да им овозможи на некои луѓе да одлучат: „Можам да го издржувам моето семејство работејќи три дена во неделата“.

Тој додава дека домаќинствата со двоен приход би можеле да проценат дека повеќе не им е потребен втор приход, па едниот родител да престане да работи.

Бил Гејтс претходно предвиде дводневна работна недела во рок од десет години.

Милијардерите не понудија конкретни детали како точно би се остварило ова, но Безос нагласи дека сегашните изгледи го поддржуваат ставот дека ВИ би можела да доведе до недостиг на работна сила, а не до масовни отпуштања.

Најнови вести од: Бизнис

Европската бизнис-асоцијација ги поврза студентите со бизнис-приказните – Глобална недела на претприемништвото

Студенти од економските факултети при УКИМ, УГД и ЈИЕУ имаа можност да разговараат со претставници на компании од различни сектори за препознавањето на потребите на пазарот, започнувањето сопствен бизнис и вештините потребни за негов развој.

(Фото): Николоски во Виена повика на регионална соработка и поврзување

Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар.

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17. издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција

Фестивалот е и многу повеќе од прослава на младото вино, тој е прослава на луѓето, заедништвото, љубовта и вербата во иднината. Токму тие вредности се во сржта на филозофијата на „Тиквеш“, компанија која ја надградува својата богата традиција со знаење, иновации и современи пристапи, останувајќи посветена на создавањето вина и искуства што ги поврзуваат луѓето.

Најнови вести

To top