Бизнис

Џон Тернус назначен за нов извршен директор на Apple

Тим Кук ја напушти функцијата по 15 години

Денес официјално започна нова ера во Apple. Тим Кук ја напушти позицијата извршен директор, а на чело на технолошкиот гигант доаѓа Џон Тернус, поранешниот потпретседател за хардверски инженеринг кој со години го водеше развојот на најважните уреди како што се iPhone, iPad и Mac компјутерите.

И покрај промената на врвот, Кук, кој е во Apple од 1998 година и кој ја презеде функцијата извршен директор во 2011 година откако Стив Џобс се повлече, останува во компанијата како извршен претседател на одборот на директори.

„Испраќам многу љубов до заедницата на Apple на мојот последен ден како извршен директор. Мојата титула се менува утре, но мојата љубов кон заедницата на Apple никогаш нема да се смени. Ви благодарам што сте постојан извор на инспирација“, рече Кук во својата проштална порака.

Новиот раководител, Џон Тернус, досега беше потпретседател за хардверски инженеринг. Со години водеше тимови одговорни за развој на уреди како iPhone, iPad, Mac, Apple Watch, AirPods и Apple Vision Pro, а е заслужен и за производи како AirPods, iPhone Air и MacBook Neo.

Назначувањето на лидер од хардверскиот сектор претставува природна еволуција за Apple. Стратегијата на компанијата отсекогаш била јасна – софтверот и екосистемот на услуги се создаваат првенствено за поддршка на сопствениот хардвер.

Моделите од серијата iPhone 5 беа последните на кои работеше самиот Стив Џобс, додека целата еволуција на компанијата во изминатите 15 години беше под директно водство на Тим Кук.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top