Бизнис

Дизелот во Србија надмина две евра за литар

Од денеска до следниот петок еден литар дизел кај северниот македонски сосед (ќе) се продава за 236 динари

Од денеска, па во наредните седум дена еден литар дизел во Србија (ќе) се продава за 236 динари или малку над две евра, според курсот од 117 динари за едно евро.

Цената е повисока за два динара од минатонеделната, кога овој вид гориво првпат во историјата на земјата достигна цена еквивалентна на две евра за литар.

За два динара поскапе и безоловниот бензин од 95 октани, кој сега чини 207 динари.

Српската влада го продолжи намалувањето на акцизата од 25 проценти за нафтените производи за уште една недела, до 27 септември.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top