Бизнис

Европскиот парламент сака пауза во спроведувањето на трговскиот договор со САД

Европската комисија побара објаснувања од Вашингтон. Врховниот суд на САД, претходно, го прогласи поголемиот дел од царините воведени од Трамп за незаконски. Трамп, сепак, најави нови вонредни царини. Тој во петокот зборуваше за десет проценти царини на стоки од целиот свет, а во саботата за 15 проценти.

По пресудата на Врховниот суд за царините во САД и новите најави од претседателот Доналд Трамп, царинскиот договор со ЕУ од минатата година е ставен на пауза. Широко мнозинство пратеници во Европскиот парламент се изјаснија за запирање на спроведувањето на договорот. Парламентот засега нема да гласа за укинување на царините на ЕУ за американски индустриски производи.

Европската комисија побара објаснувања од Вашингтон. Врховниот суд на САД, претходно, го прогласи поголемиот дел од царините воведени од Трамп за незаконски. Трамп, сепак, најави нови вонредни царини. Тој во петокот зборуваше за десет проценти царини на стоки од целиот свет, а во саботата за 15 проценти.

Пресудата на Врховниот суд ја нарече „смешна, лошо напишана и исклучително антиамериканска“. Со тоа американскиот претседател предизвика неизвесност. Потребни се дополнителни информации од Вашингтон „за да можеме во целост да ја разбереме ситуацијата“, изјави портпарол на Европската комисија. Комисијата, како што се вели, е во контакт со американската влада.

И европските и американските компании имаат потреба од „сигурност и предвидливост“.

Најнови вести од: Бизнис

Нови 735.000 евра од унгарскиот кредит ставени на располагање на домашните компании

Нови 735.000 евра се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компании, информираа од Министерството за финансии.

Европската бизнис-асоцијација ги поврза студентите со бизнис-приказните – Глобална недела на претприемништвото

Студенти од економските факултети при УКИМ, УГД и ЈИЕУ имаа можност да разговараат со претставници на компании од различни сектори за препознавањето на потребите на пазарот, започнувањето сопствен бизнис и вештините потребни за негов развој.

(Фото): Николоски во Виена повика на регионална соработка и поврзување

Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар.

To top