Бизнис

Функционерските плати нема пак да пораснат, зошто ССМ ги премолчи фактите од 2024 година?!

За колку проценти пораснала просечната плата, за толку ќе се намалат коефициентите за функционерите. И годинава нема да се зголемуваат платите на премиерот, министрите, пратениците, судиите, обвинителите, градоначалниците. Власта прво ќе ја чека пресметката на Државна статистика. Оттаму утре ќе објават колку изнесува просечната нето плата за 2025-та.

Останува барањето за 600 евра минималец на ССМ и поради тоа веќе се одржаа блокади на Собранието, Стопанската комора и Владата. Синдикатите дадоа рок да се донесе одлука до крајот на месецот, а во спротивно најавија генерален штрајк во март. Кога СДСМ зборува за недостиг на социјален дијалог треба да се наврати на 2024 година, кога  СДС и ДУИ предложија пакет законски измени со кои суштински ќе се менуваше методологијата за пресметка на платите, потсети денеска ВМРО-ДПМНЕ.

  • „Со тие измени се предвидуваше минималната плата да се изземе од формулата за пресметка на платите на административните службеници, иако таа беше дел од колективниот договор потпишан меѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и тогашната влада. Тоа ќе значеше дека идните покачувања на минималната плата нема автоматски да влијаат врз останатите плати во јавниот сектор. На тој начин ќе се прекинеше линеарниот раст и ќе се ослабеше заштитниот механизам за работниците“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Друг факт, додава партијата, е дека финалната верзија на измените не беше објавена на ЕНЕР, а синдикатите информираа дека со предлог-законот се запознале преку веб-страницата на Собранието.

  • „Немаше суштинска јавна расправа, ниту вистински дијалог во рамките на Економско-социјалниот совет. Во тој момент реагираше тогашното раководство на ССМ. ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција поднесе бројни амандмани, со цел да се спречи донесувањето на ваквото решение. ВМРО-ДПМНЕ поднесе повеќе од 40 амандмани, меѓу кои и клучниот предлог минималната плата да остане составен дел од формулата за пресметка. Со тоа се обезбеди и понатаму платите да растат линеарно со растот на минималната плата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму затоа денес, се додава, кога расте минималната плата, растат и другите плати.

  • „Зошто се премолчуваат случувањата од 2024 година? Зошто претседаѕелот на ССМ, Слободан Трендафилов не го кажува тоа? Зошто не се говори дека со заедничка акција беше зачуван принципот минималната плата да остане основа за пресметка? ВМРО ДПМНЕ тогаш не дозволи, со скратена постапка и европско знаменце, да се донесе решение што ќе беше на штета на работниците“, се вели во соопштението.

ВМРО ДПМНЕ е на страната на работниците, потенцира партијата.

  • „Токму затоа за 10% се зголемија платите на полициските службеници, социјалните работници добија 20% повисоки плати, додека преку посебни колективни договори вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување. Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира системско покачување на платите за 40% до 2028 година. Работниците заслужуваат сигурност а не дневнополитички конструкции од страна на СДСМ“, поралува ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top