Бизнис Регион Свет

Германската индустрија изгуби над 100.000 работни места, најпогоден автомобилскиот сектор

Тековната економска криза ја чинеше германската индустрија повеќе од 100.000 работни места за една година, при што клучниот автомобилски сектор во земјата е најтешко погоден, според анализата на ревизорската и консултантска фирма EY. Во автомобилскиот сектор беа остварени  околу 45.400 отпуштања на работнци. До крајот на првиот квартал, германската индустрија вработуваше 5,46 милиони луѓе, а […]

Тековната економска криза ја чинеше германската индустрија повеќе од 100.000 работни места за една година, при што клучниот автомобилски сектор во земјата е најтешко погоден, според анализата на ревизорската и консултантска фирма EY. Во автомобилскиот сектор беа остварени  околу 45.400 отпуштања на работнци. До крајот на првиот квартал, германската индустрија вработуваше 5,46 милиони луѓе, а тоа е за 1,8% или 101.000 помалку од претходната година, според студијата заснована на податоци од Федералниот завод за статистика, објави ДПА.

  • Индустриските компании се под огромен притисок, рече Јан Брорхилкер, генерален директор на EY.

Тој очекува најмалку 70.000 работни места во индустријата да бидат изгубени до крајот на годината. Автомобилскиот сектор  се бори со слаба побарувачка, од  кинеска конкуренција и со проблеми во преминот кон електрична мобилност.  Речиси 6% од работните места беа изгубени во рок од една година. До крајот на март вработеноста во секторот се намали  на околу 734.000 луѓе.

Вработеноста значително се намали и во металопреработувачката и текстилната индустрија, со пад од над 4%. Спротивно на тоа, хемискиот и фармацевтскиот сектор забележаа минимални загуби на работни места од 0,3%, пренесува Сеебиз.

Управниот директор на Ernst & Young, Јан Брорхилкер, предупреди дека индустриските компании се под огромен притисок.

  • Агресивните конкуренти, особено од Кина, ги намалуваат цените, клучните продажни пазари слабеат, побарувачката во Европа стагнира на ниско ниво и постои значителна неизвесност околу американскиот пазар – рече Брорхилкер.

Во исто време, компаниите се борат со високи трошоци – на пример за енергија и персонал.

Отпуштањата, според прогнозите на Ernst & Young, нема да престанат наскоро. Се проценува дека најмалку 70.000 дополнителни работни места би можеле да бидат изгубени до крајот на 2025 година во индустријата, особено во производството на машини и автомобили, каде што програмите за намалување на трошоците веќе се во тек.

  • Германскиот индустриски сектор честопати беше прогласуван за мртов, но постојано се покажуваше како исклучително отпорен благодарение на своите силни темели – рече менаџерот на EY, Брорхилкер.

Според него  условите мора да се подобрат

  • Покрај пониските трошоци и помалата бирократија, треба да се зајакне домашната побарувачка за економијата да стане помалку зависна од извозот. Инвестициски пакет од повеќе милијарди долари од федералната влада би можел да даде одреден поттик – рече Брорхилкер.

Германското здружение на автомобилската индустрија (VDA) исто така верува дека владата носи дел од одговорноста.

Најнови вести од: Бизнис Регион Свет

Засилени контроли во маркетите, ако има раст на маржите ќе се преземат мерки

Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека сега нема девијантно однесување од трговците со зголемување на маржите, а цените на храната растат, бидејќи производите ги увезуваме. И покрај тоа што по 1 мај требаше да бидат донесени мерки за спречување на растот на цените на прехранбените производи, тоа сè уште е во потготовка. Барем за сега, состојбата е стабилизирана.

Државата со 185.000 евра ќе ги стимулира занаетчиите, малите и средните претпријатија

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека целта на поддршката е да им се помогне на домашните компании да го модернизираат производството и да ја зголемат продуктивноста, создавајќи истовремено и подобри услови за работа.

Над 40% од фирмите не издаваат фискални, запечатени 25 објекти низ државата

Управата за јавни приходи најавува засилено теренско присуство со зголемен број на контролори на територијата на целата држава. УЈП веќе постапува согласно нова методологија на контроли, што вклучува и вкрстени проверки за утврдување на веродостојноста на прикажаните приходи кај даночните обврзници.

(Фото): Поврзани системи – побрзи и поевтини прекугранични плаќања

Македонија како мала и отворена економија којашто е тесно поврзана со еврозоната, нашата земја внимателно ги анализира можните ефекти од воведувањето на дигиталното евро врз домашниот финансиски систем. Во тој контекст, Народната банка веќе ги разгледува можностите и потенцијалните ефекти од евентуално воведување дигитален денар, особено во делот на модернизацијата на плаќањата, финансиската вклученост и ефикасноста на монетарната политика.

To top