Бизнис

Граѓани и компании чекаат поврат на над 300 милиони денари

Наплатата на приходите од данокот на добивка останува стабилна, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП) по обработката на даночните биланси за 2025 година, за кои рокот за поднесување истече во март годинава. Според УЈП, вкупно 25.506 даночни обврзници поднеле образец „ДБ“ за оданочување на добивка, додека 50.465 обврзници доставиле образец „ДБ-ВП“ за оданочување на вкупен приход. Бројките бележат раст во споредба со претходната година.

Управата за јавни приходи информира дека по завршување на даночните биланси за 2025 година, анализата на обработените податоци покажува раст на даночната основа, на пресметаниот данок и повисок нето даночен ефект кај данокот на добивка. Според податоците, даночен биланс за оданочување на добивка поднеле 25.506 компании, додека 50.465 компании поднеле даночен биланс за оданочување на вкупен приход. И кај двете даночни основи забележан е раст во однос на 2024 година.

Кај компаниите што плаќаат данок на добивка ( без оние кои согласно закон имаат право на даночни ослободувања -компании во технолошко индустриските развојни зони, заштитни друштва и казнено-поправни установи), даночната основа и пресметаниот данок бележат раст од 14 % во однос на 2024 година. По пресметките, за доплата остануваат над 5,8 милијарди денари, додека нето-даночниот ефект е зголемен за 33%.

УЈП оценува дека резултатите се должат пред сè на повисоките добивки кај компаниите и на помалиот износ на користени даночни олеснувања во 2025 година.

Во поедноставениот даночен режим, кој најчесто го користат микро и малите компании, данок на вкупен приход пресметале 3.883 даночни обврзници, што е раст од 8,6% во однос на 2024 година. Нето даночниот ефект кај овој вид оданочување изнесува 45,3 милиони денари и е понизок во однос на претходната година кога изнесуваше 53,5 милиони денари. Кај трговците-поединци, занаетчиите, земјоделците и лицата што вршат самостојна дејност, даночната основа и пресметаниот данок се зголемени за 2 до 3% во споредба со 2024 година.

По пресметките за доплата кај нив остануваат 147,7 милиони денари, додека нето даночниот ефект е помал од 2024 година и се должи на поголемиот износ на аконтативно платен данок во текот на 2025 година што го надминува годишниот раст на нето-доходот, а воедно повисок раст имаат и користените даночни намалувања.

За 2025 година 247 здруженија и фондации поднеле даночен биланс и пресметале данок од 1% од остварениот приход од стопанска дејност. Иако бројот на обврзници е помал во однос на 2024 година кога ваков биланс поднеле 1.310 даночни обврзници, пресметаниот данок изнесува 21,7 милиони денари и е повисок од минатогодишниот износ од 19,4 милиони денари.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top