Бизнис

Ново поскапување на храната и раст на трошоците за живот – народот нема пари, обвини СДСМ

Од СДСМ посочуваат дека растот на платите не е доволен за да го следи поскапувањето, а дополнителен проблем е и немањето нови мерки од страна на Владата за заштита на стандардот на граѓаните. Според опозицијата, секојдневните трошоци како храната, сметките и превозот стануваат сè поголем товар за семејните буџети. Тие алармираат дека синдикалната потрошувачка кошничка континуирано расте, додека реалната куповна моќ на граѓаните опаѓа.

Нови поскапувања на храната и раст на трошоците за живот, вистината е дека народот нема пари. Вака Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение денеска упати критики до Владата и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за лошо управување со економијата и пад на животниот стандард на граѓаните. Од партијата велат дека тврдењата за наводни економски успеси се целосно невистинити.

  • „Лагите на Мицкоски за наводните економски успеси и за тоа дека Македонија е трета економија во Европа се целосно разобличени. Вистината е дека граѓаните живеат сè потешко, дека имаат сè помалку пари во џебовите затоа што сè е поскапено“, стои во партиското соопштение.

Од СДСМ потсетуваат на последните официјални статистички податоци, кои според нив јасно го потврдуваат трендот на поскапување и растот на трошоците за живот.

  • „Трошоците на животот во мај годинава се зголемени за 4,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека цените на мало бележат пораст од 5,6 проценти“, велат од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека растот на платите не е доволен за да го следи поскапувањето, а дополнителен проблем е и немањето нови мерки од страна на Владата за заштита на стандардот на граѓаните. Според опозицијата, секојдневните трошоци како храната, сметките и превозот стануваат сè поголем товар за семејните буџети. Тие алармираат дека синдикалната потрошувачка кошничка континуирано расте, додека реалната куповна моќ на граѓаните опаѓа.

  • „Бројките се немилосрдни и ја кажуваат вистината: животот е поскап, животниот стандард е понизок, а граѓаните се посиромашни отколку пред една година. Доста е со лагите“, додаваат од СДСМ во соопштението.

Инаку, Државниот завод за статистика го објави извештајот за индексот на трошоците на живот во мај во кој се вели дека има зголемување од 4,8 отсто во однос на истиот месец претходната година.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top