Бизнис

Грција ги намали цените на над 1.700 производи за 10 проценти

Основните производи ќе бидат намалени во просек за 9,5 отсто, а мерката ќе биде на сила помеѓу два и четири месеци

Од денеска во Грција започна спроведувањето на Националната иницијатива за намалување на цените, при што Владата објави пад на цените од речиси 10 проценти на над 1.700 основни производи, објавија грчките медиуми.

Грчката национална новинска агенција АНА-МПА соопшти дека иницијативата вклучува храна, производи за домаќинството, производи за студенти, брендови на трговски синџири и месо.

Производите вклучени во иницијативата се обележани со посебни етикети, а клиентите можат да дознаат за нив на посебна електронска платформа.

Компаниите што се приклучија на иницијативата се обврзаа да ги обезбедат специфичните производи по намалена цена во период од два или четири месеци.

Грчкиот министер за развој Такис ​​Теодорикакос објави дека цената на 1.740 производи е намалена во просек за околу 9,5 проценти во рамките на иницијативата.

Како што објави грчката економска вебстраница „Капитал“, намалувањата се резултат на преговорите меѓу Министерството за развој и добавувачите и малопродажните синџири.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top