Бизнис

Хотелиерите од Халкидики се жалат на загуби поради метежот на граничните премини со Македонија

Само во вторникот 42.000 возила ја поминале македонско-грчката граница, чекајќи три часа за биометриската проверка

Маратонското повеќечасовно чекање на грчките гранични премини Евзони и Дојрани со Македонија ги чини хотелиерите на Халкидики финансиска загуба.

„Ситуацијата имаше големо влијание врз резервациите во мај и во јуни, како и врз резервациите во последен момент во тој период“, изјави за „Ворија“ претседателот на Здружението на хотелиери на Халкидики, Григорис Тасиос, кој ја процени загубата на околу 5 проценти.

Секој ден се регистрираат повеќе од 35.000 преминувања, а само во вторникот 42.000 возила ја преминале македонско-грчката граница.

Некои балкански посетители за весникот изјавија дека ги напуштаат своите матични земји пред зори за да стигнат до границата пред да се создадат редици подоцна наутро.

Грчките властите одвреме-навреме привремено ги суспендираат биометриските проверки на патниците за да го забрзаат процесот и да го намалат метежот.

Најнови вести од: Бизнис

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

Најнови вести

To top