Бизнис

ИНОВА и Амбасадата на Јапонија ќе соработуваат во областа на технологиите и иновациите

Средба на директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво со јапонската амбасадорка

Директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), Даниела Димовска, се сретна со амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара, при што ги разгледаа можностите за соработка.

Двата соговорника се осврнаа на досегашните активности и постигнувања на Агенцијата, а главниот фокус беше ставен на можностите за продлабочување на соработката  со Јапонија, како светски признат лидер во технологијата и иновациите.

Разгледани се и потенцијалите за партнерства што ќе овозможат размена на знаења и искуства , како и поддршка на проекти за поттикнување на креативноста и на технолошкиот напредок на Македонија.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top