Македонија

Сиљановска-Давкова ја прими директорката на ИНОВА

Современиот економски развој наметнува потреба од унапредување на националниот екосистем, зелените политики, намалувањето на загадувањето и управувањето со отпадот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.

Таа ја запозна со стратешките приоритети, проекти и активности на Агенцијата. Според неа, современиот економски развој наметнува потреба од унапредување на националниот екосистем, зелените политики, намалувањето на загадувањето и управувањето со отпадот.

Претставниците на ИНОВА информираа за конкретните механизми на Агенцијата за поддршка на стартапите, за програмите за млади претприемачи, како и активностите насочени кон поттикнување на самовработувањето.

Соговорниците сметаат дека за креирањето на одржливи иновациски политики и пристап до нови пазари и знаења, потребна е интензивна меѓународната соработка, а особено вклучување на нашата дијаспора.

Укажувајќи на важноста од стимулирање на иновациите како двигател на конкурентната економија, Сиљановска-Давкова упати на континуирано јакнеење на партнерството меѓу јавниот и приватниот сектор.

За неа, врската меѓу универзитетите, иноваторите и бизнис секторот, e круцијална претпоставка за практична примена на знаењето и развојот на нови технологии.

Претседателката, им посака плодотворна и успешна работа, изразувајќи став дека инвестициите во нови технологии носат побрз економски раст, отворање квалитетни работни места и гарантираат повисок животен стандард на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top