Бизнис

Какво ќе биде чувството да се патува со воз од Паланка до Деве Баир низ тунели и мостови?!

Првата делница од пругата кон Бугарија – од Куманово до Бељаковце беше пуштена во јануари годинава, а на втората делница се завршени 30 проценти од градежните работи и веќе е надминат конструкторскиот проблем со столбовите изградени пред 30-ина години на мостовите во близина на Кратово.

Од македонска страна наскоро ќе се почне со реализација на најтешката делница од пругата кон Бугарија бидејќи ќе треба да изградат 22 тунела, вклучително и меѓуграничниот, како и 52 моста. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе се активира грантот од Европската инвестициска банка за да се направи ревизија на основниот проект по што ќе биде објавен тендер за градежните работи.

  • Третата фаза ќе биде од големо значење за нас како држава. На тој начин ќе ја потврдиме нашата цел да бидеме крстосница на многу значајни паневропски коридори 8 и 10. Третата фаза е во процес на развивање, битно е дека сите пречки од минатото што се случуваа се надминати, постигната е согласност со нашиот источен сосед.  Нашиот дел, би рекол со одлуката на Владата да се активира грантот што значи техничка поддршка од страна на Европската инвестициска банка (ЕИБ) значи дека и ние почнуваме со овој проект. Техничката поддршка значи ревизија на основниот проект, ревизија на целосната документација и потоа објавување јавен повик за изградба на третата фаза – рече изјави Мицкоски, по увид во градежни активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“.

Тој истакна дека во напредна фаза е и идејата за пругата Коридорот 10, кој е дел од договорот со Обединетото Кралство.

Владата на седница на 26. месецов донесе одлука да се ефектуира Договорот за грант за техничка поддршка во висина од 3,7 милиони евра добиен од ЕИБ. Со ова, информираа од Владата, избраниот консултант во следниот период ќе изработи нова проектна документација, како и подготовка на тендерската постапка за избор на изведувач. ЈП „Железничка Инфраструктура“ од својата страна, за да ги забрза активностите ќе започне постапка за избор на надзор.

Вредноста на пругата скокна на 560 милиони евра.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top