Бизнис Свет

Кој е најбогатиот град во светот каде секој 22-ри жител е милионер?!

Њујорк повторно е прогласен за најбогат град во светот, според најновиот извештај на „Хенли и партнерс“ за 2025 година. Во градот што никогаш не спие, секој 22-ри жители е милионер, што дополнително го потврдува неговиот статус на светска финансиска престолнина. Иако бројот на милијардери во Њујорк се намали, од минатогодишните 500 на 384, градот сепак забележа зголемување […]

Њујорк повторно е прогласен за најбогат град во светот, според најновиот извештај на „Хенли и партнерс“ за 2025 година. Во градот што никогаш не спие, секој 22-ри жители е милионер, што дополнително го потврдува неговиот статус на светска финансиска престолнина.

Иако бројот на милијардери во Њујорк се намали, од минатогодишните 500 на 384, градот сепак забележа зголемување на бројот на милионери, што укажува на сè уште силна динамика на богатство кај пошироката популација на богатите. Со други зборови, најбогатите можеби си заминале, но „новите богати“ доаѓаат.

Соединетите Американски Држави продолжуваат да доминираат на листата на најбогати градови во светот – дури 11 американски метрополи се меѓу 50-те најбогати. На второ место е Сан Франциско и околината (Заливска област), по што следат Лос Анџелес (5-то место), Чикаго (10-то место), како и Хјустон, Далас и Мајами, кои исто така се меѓу првите 50.

Покрај добро познатите светски финансиски центри како што се Токио, Лондон и Сингапур, се издвојуваат и градови со брзорастечка милионерска популација. Шенжен и Дубаи бележат нагло зголемување на бројот на богати граѓани, што се припишува на развојот на технолошкиот сектор и миграциските текови.

Шенжен, кинески град кој некогаш бил рибарско село, сега се смета за еден од глобалните лидери во областа на електрониката и иновациите и брзо се позиционира како „Силиконска долина на Азија“. Овие податоци не само што прикажуваат каде се наоѓа капиталот, туку и како се прераспределува богатството во светот, во која насока се движи, кој го привлекува и што стои зад новата генерација милионери.

Најнови вести од: Бизнис Свет

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

Високиот ирански безбедносен функционер Лариџани му се закани на Трамп: Внимавајте да не бидете елиминиран!

Високиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, реагирајќи на неговите закани поврзани со можноста за блокирање на Ормускиот теснец.

To top