Бизнис

Косовска фирма доби зелено светло да го преземе „Тинекс“

Во документот конкретно се наведува дека трансакцијата го опфаќа бизнисот кој се води, меѓу другото, под називите „Тинекс“, „СуперТинекс“, „Тинекс Деликатес“, „Конто“ и „Спот“

Комисијата за заштита на конкуренцијата даде зелено светло за концентрацијата со која косовската компанија „Проекс Интернационал“ има намера да стекне контрола врз „Тинекс маркет“ ДООЕЛ Скопје.

Од решението се открива и структурата на планираната трансакција. На 2 јули годинава било склучено писмо за намери меѓу „Тинекс-МТ“ како продавач и „Проекс Интернационал“ како купувач, со кое страните се согласиле за главните комерцијални услови за преземање на малопродажниот бизнис со супермаркети на „Тинекс“ во Македонија.

Во документот конкретно се наведува дека трансакцијата го опфаќа бизнисот кој се води, меѓу другото, под називите „Тинекс“, „СуперТинекс“, „Тинекс Деликатес“, „Конто“ и „Спот“.

По потпишувањето на писмото за намери, на 14 јули 2026 година „Тинекс-МТ“ го регистрирал новото друштво „Тинекс маркет“ ДООЕЛ Скопје, кое, според решението, е наменето да служи како средство за стекнување и понатамошно работење на бизнисот. Малопродажниот бизнис или неговите релевантни делови треба да му бидат ставени на располагање на новото друштво согласно договорените услови и конечната документација за трансакцијата.

„Проекс Интернационал“ е компанија од Приштина чија главна дејност е трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутунски производи. Таа е дел од „Проекс груп“, диверзифицирана косовска деловна групација активна во трговијата, дистрибуцијата, малопродажбата, логистиката и енергетскиот сектор. Групацијата се занимава и со увоз и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, управување со синџири супермаркети, како и трговија, складирање и дистрибуција на нафтени деривати.

Интересен е и податокот дека „Проекс Интернационал“ и групацијата на која ѝ припаѓа досега немале поврзани субјекти регистрирани во Македонија, ниту оствариле приход на македонскиот пазар во 2025 година.

Известувањето за концентрацијата било доставено до Комисијата на 10 август, а дополнето еден ден подоцна. Комисијата потоа ја испитала трансакцијата и утврдила дека се исполнети законските услови за нејзино одобрување.

Со решението практично е отстранета пречката од аспект на заштитата на конкуренцијата за планираното преземање на малопродажниот бизнис на „Тинекс“ од страна на косовската „Проекс Интернационал“.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top