Бизнис

Македонија бележи раст од 7,6% на индустриското производство

Во услови кога голем дел од европските економии се соочуваат со забавување на индустриската активност, Македонија е во позитива

Македонија бележи раст на индустриското производство од 7,6 проценти во однос на 2025 година, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, повикувајќи се на официјални податоци од Државниот завод за статистика.

На прес-конференција, Стојаноски истакна дека кумулативно во 2026 година индустриското производство е во позитивна зона и бележи раст од 0,2 проценти. Според него, овие бројки покажуваат дека економските политики што ги спроведува Владата даваат конкретни резултати.

„Во услови кога голем дел од европските економии се соочуваат со забавување на индустриската активност, Македонија е во позитива. Ова не е случајност, туку резултат на јасна економска политика и директна поддршка на домашните компании“, рече Стојаноски.

Тој посочи дека Владата обезбедила финансиски поттик за стопанството преку кредитната линија од 230 милиони евра, наменета за домашните претпријатија. Како што рече, средствата се насочени кон нови инвестиции, опрема, проширување на капацитетите, поголемо производство и отворање нови можности за развој.

Според Стојаноски, особено значајно е што растот доаѓа од преработувачката индустрија, која, како што нагласи, создава најголема додадена вредност и претставува двигател на извозот и економскиот развој.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе продолжи поддршката за домашната економија, македонските компании и работниците, со цел обезбедување повисок животен стандард, повисоки плати и посилна економија.

„Времето на стагнација завршува. Македонија повторно произведува, инвестира и напредува“, порача Стојаноски.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top