Бизнис

Македонските аеродроми уриваат рекорди

Oна што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период

Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

„Oна што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период. Секако, една од основните причини за тоа е изградбата на нова терминална зграда, на помошните простории. Практично, еден нов аеродром добивме, кој што со својата функционалност, но и со својата убавина, привлекува патници, привлекува туристи и очекувам во следниот период да се зголемува и бројот на летови. Во однос на скопскиот, исто така, рушиме рекорди. Очекувам само скопскиот аеродром да помине 3, 6 милиони патници и ако имаме малку среќа, очекувам до крајот на годината да можеме да имаме една убава церемонија за 4 милиони патници на двата аеродроми, што споредено со 2,4 милиони патници во 2024 година е еден огромен скок”-истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави нови чартер летови со туристи со два авиони дневно кои би слетувале на охридскиот аеродром.

„Она што е мое очекување, сè уште не сме потврдени, но мислам дека сме блиску, е големи чартер тури, кои што почнуваат да се прават во државата, кои што би значеле најмалку 2 авиони дневно со туристи, надвор од сезоната, во период од октомври до мај, да го потврдиме во следниот период и тоа да е додадена вредност на охридскиот аеродром” – истакна Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top