Бизнис

Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата

Силно сме посветени на економијата зашто силно веруваме дека имаме огромен потенцијал

Правиме гигантски чекори во економијата. Во мај бележиме историски раст на индустриското поризводство од 9,4 проценти, имаме поголем извоз на земјоделски производи за 57 отсто во првите пет месеци од годинава во однос на истиот период лани и 22 отсто повеќе туристи во првиот квартал споредено со првиот квартал лани. Кога кажавме дека БДП на реална основа во првиот квартал пораснал за 3,2 отсто споредено со истиот период минатата година и дека тоа е четврти резултат во Европа, веднаш зад Ирска, Данска и Полска, многумина не исмејуваа. Но, сега можам да најавам дека во вториот квартал ќе имаме уште подобар резултат, имајќи ги предвид овие индикатори, дека ќе се движиме меѓу 4 и 6 отсто што е гигантски чекор, зашто првите индикатори од првите два месеца во вториот квартал, април и мај, се огромни, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што рече Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на Ветерниот парк Штип, и остатантие параметри се исто така гигантски – градежништвото, бројот на издадени дозволи, вредноста на објектите кои се мерат во 20, 30, 40, 50 и 60 проценти повеќе споредено со истиот период лани.

-Ова го зборувам со една цел – дека не може да има силна економија ако на одреден начин не сте ја повратиле довербата во инвеститорите, а довербата се враќа на два начина: првиот е дисциплина во работењето и чесност, а второто – битка со криминал и корупција и владеење на правото, рече Мицкоски.

Тој информира и дека утрово ја прочитал веста според која Канцеларијата за туризам на ОН ја вметнала Македонија како осма дестинација за туризам во светот, со раст на турсити од 22 процента во првиот квартал оваа година споредено со првиот квартал лани. Тоа, напомена премиерот, е гигантски чекор напред, 22 отсто повеќе туристи.

-Силно сме посветени на економијата зашто силно веруваме дека имаме огромен потенцијал кој може да не одведе со гигантски чекори напред и тоа го правиме и такви се првичните идникатори годинава, за разлика од чекорењето наназад изминатите седум години. Во првиот квартал, првите пет месеци, првата половина пд годината, чекориме со гигантски чекори напред, истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Бизнис

Инвестиции во туризмот и отварање нови авиолинии, Николовски на средба со „Корендон“

Македонија е интересна дестинација за инвестиции во туризмот и отворање нови авиолинии е заклучокот на вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николовски по средбата со представниците на „Корендон“ една од најголемите групации во Европа. На состанокот се разговарало за можностите за нови инвестиции, развој на авиосообраќајот и унапредување на туризмот во Македонија.

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финансиски професионалци

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

Во Македонија не се искористува ниту приватниот капитал од инвестиција како Иловица

Во наоѓалиштето во Иловица, утврдено е дека рудникот би експлоатирал 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10.000 тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години.

„Тинекс“ преку партнер во Косово ќе ја враќа ликвидноста на компанијата

Компанијата информираше дека менаџментот активно работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбата, при што, како што беше објавено, поддршка има од банките и клучните деловни партнери.

To top