Бизнис

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на големо финансиско друштво

Од Министерството најавуваат дека ќе продолжат со интензивни контроли и ќе ги преземаат сите расположливи мерки согласно закон, со цел заштита на граѓаните и спречување на непочитување на законските прописи.

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор беа утврдени сериозни и груби прекршувања на законските обврски.

Надзорот, спроведен по пријава од граѓанин, утврдил постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците, како и практики кои директно ги доведувале во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на прекршоците, Министерството во мај донело решение за одземање на дозволата за работа.

Министерството за финансии и годинава продолжува со засилени контроли над финансиските друштва. Во досегашните надзори се констатирани повеќе неправилности, при што од почетокот на годината досега се изречени 22 глоби за 16 друштва, како и 23 писмени наредби за отстранување на утврдените неправилности.

Паралелно со контролите, Министерството подготвува законски измени со кои ќе се заострат условите и критериумите за работа на финансиските друштва. Целта е да се намали ризикот од прекумерно задолжување на граѓаните, да се обезбеди поголема заштита на потрошувачите и да се зголеми транспарентноста и одговорноста во работењето.

Од Министерството најавуваат дека ќе продолжат со интензивни контроли и ќе ги преземаат сите расположливи мерки согласно закон, со цел заштита на граѓаните и спречување на непочитување на законските прописи.

Една од ,,Фабриките за пари” меѓу кои има и такви кои за огромни камати даваат кредити го кршела законот – Која од нив 28 остана без лиценца?

Кое е финансиското друштво кое остана без лиценца за работа за кршење на законот?

Најнови вести од: Бизнис

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

To top