Бизнис

Моторот на економијата – градежништвото, пораснало за 9% во споредба со лани, услугите за 6,1%

Крупните капитални проекти се реализираат со одлична динамика, а фокусот во следниот период треба да се стави на малите и средни градежни фирми, вели вицепремиерот и министер за транспорт Николоски. Рече дека директната помош на Владата кон општините изнесува преку 500 милиони евра.

Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во градежништвото од 9 %, а растот на услуги по транспорт е 6,1 % и тоа е далеку над растот кој го има државата. Вака објасни вицепремиерот Николоски во интервјуто на „Топ Тема“. Тој истакна дека крупните капитални проекти се реализираат со одлична динамика, а фокусот во следниот период треба да се стави на малите и средни градежни фирми. Директната помош на Владата кон општините изнесува преку 500 милиони евра.

  • За да потикнеме еконoмски развој таков како што сакаме, почнавме на подржување на општините. Тоа со децении се зборуваше и еве сега се подржуваат. Средствата се дел од Светска банка, дел од буџет, лани 100 милиони евра, оваа 250 милиони евра подршка. Ако на тоа додадеме програми на неколку други министерства стигнуваме до 500 милиони евра – вели Николоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт потенцира дека Владата се соочува со проблем каде градежните фирми не можат да ја следат бројноста и динамиката на проектите што ги нуди Владата.

  • И сега се соочуваме со ситуација дека тие проекти не можат да се реализираат бидејќи изведувачите што ги добиле тие проекти не работат согласно темпото во договорот. Ние за првпат имаме ситуација да имаме пари, а фирмиве да не ја следат амбицијата на Владата. И прифаќам објективен одговор од компаниите дека децении наназад градежниот сектор бил запоставен и дека не можат да растат повеќе од 15 до 20% годишно. Тоа што не го прифаќам е како се нафаќаат за работа којашто не можат да ја испорачаат – вели вицепремиерот Николоски.

Тој истакна дека континуирано се води дијалог меѓу Стопанските комори и Владата со цел да се постигне баланс и да се надмине оваа состојба.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

To top