Бизнис

Над 500 учесници на конференцијата „Инвестирањето во 2026“ во организација на Prime Class

Prime Class ги претстави резултатите од 2025 година и тop 5 компаниите за инвестирање во 2026

Screenshot

Со порака дека финансиската писменост, дисциплината и управувањето со ризик се темел на одржливо инвестирање, во Скопје се одржа годишната конференција на Prime Class под наслов „Инвестирањето во 2026“, која собра голем број членови на заедницата, млади инвеститори и професионалци од финансискиот сектор.

Настанот беше отворен со обраќање на Иван Ивановски, CEO и основач на Prime Class и ко-основач на Prime Capital by Adora, кој повика на одговорно и свесно инвестирање и на градење култура на долгорочно размислување, наместо следење на краткорочни трендови.

„Инвестирањето не е брза одлука и не е игра на среќа. Тоа е процес што бара знаење, структура, дисциплина и трпение. Ако не ги разбираме циклусите и бизнис моделите на компаниите во кои вложуваме, тогаш не инвестираме, туку шпекулираме,“ истакна Ивановски во своето обраќање.

Во текот на конференцијата беа презентирани повеќе перспективи за современото инвестирање, од професионално управување со капитал преку примерот на Prime Capital во САД, до разговор со Мелита Гугуловска, генерален директор на Сава Осигурување за инвестициски ризик и улогата на осигурувањето како стратегија за финансиска стабилност. Посебен акцент беше ставен и на примената на вештачката интелигенција во анализа на компании и оптимизација на ресурси, како алатка што веќе денес го менува начинот на носење инвестициски и бизнис одлуки.

Вториот дел од настанот беше посветен на резултатите на  Prime Class заедницата во 2025 година и на доделување награди на најуспешните студенти. Студентите со најголем раст на портфолио добија признание за дисциплина, континуитет и одлуки донесени во реални пазарни услови. Посебни благодарници добија и најактивните членови на Дискорд, кои секојдневно со своите совети, поддршка, анализи и коментари градат позитивна инвестициска култура во која сите членови учат од грешките на другите и се радуваат на заедничките успеси.

Кулминацијата на конференцијата беше keynote-презентацијата на Иван Ивановски „Топ 5 компании за 2026“, во која беа анализирани глобалните трендови што ќе го обликуваат пазарот во наредната година и критериумите според кои инвеститорите треба да ги препознаваат компаниите со долгорочен потенцијал.

„Нашата цел не е да им дадеме на луѓето листа што да купат, туку начин како да размислуваат. Кога ќе научите да ги читате трендовите и да ги разбирате бизнисите зад бројките, тогаш сте чекор поблиску до стабилно и зрело инвестирање,“ нагласи Ивановски.

Screenshot

Со конференцијата „Инвестирањето во 2026 година“,  Prime Class уште еднаш ја потврди својата мисија да придонесе кон унапредување на финансиската писменост и создавање поодговорна инвеститорска култура во Македонија.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top