Македонија

Скопје станува центар на современата кардиологија

Започнува Регионалната школа за срцева слабост

Во Скопје започнува Регионалната школа за срцева слабост, настан од исклучителна важност на кој свое предавање ќе имаат 22 врвни професори кардиолози од цела Европа, а ќе обедини повеќе од 150 доктори и специјалисти по кардиологија. Овој уникатен собир претставува точка на средба на најеминентните имиња од светската и регионалната медицинска кардиолошка пракса кои ќе ја пренесат својата експертиза и ќе дискутираат за најновите трендови во дијагнозата и третманот на срцевите заболувања и срцевата слабост. Преку своето присуство, тие ја потврдуваат важноста на школата како едукативна и научна платформа што го става Скопје на мапата на центри на знаење во кардиологијата.

Организатор на школата е Македонското здружение по кардиологија во соработка со Асоцијацијата за срцева слабост (Heart Failure Association – HFA), како и со реномираните центри Zurich Heart House и London Heart House. Раководители на програмата на Регионалната школа за срцева слабост и клучни предавачи се доц. д-р Тања Анѓушева, член на Управниот одбор на Македонското здружение по кардиологија, проф. д-р Јорго Костов, претседател на Македонското здружение по кардиологија и еминентниот швајцарски професор Томас Ф. Лушер, директор за истражување, едукација и развој и консултант по кардиологија во „Ројал Бромптон и Харфилд Хоспитал Траст“ и „Империјал колеџ“ во Лондон и директор на Центарот за молекуларна кардиологија на Универзитетот во Цирих. Дополнително,предавачи од Велика Британија, Германија, Швајцарија, Италија, Турција, Холандија, Словенија, Шведска, Норвешка, Србија и Бугарија ќе го споделат своето знаење со македонските колеги, отворајќи нови перспективи за третман и истражување.

Едукативната компонента е срцето на овој настан. Настанот е осмислен не само како место за предавања, туку како вистинска академија за учење и размена на искуства. Преку интерактивни сесии, практични работилници и дискусии за теми како што се срцевата слабост како глобална епидемија, улогата на исхраната и физичката активност, поврзаноста на хипертензијата и срцевата слабост, дигиталната медицина и новите фармаколошки третмани, учесниците ќе имаат можност да ги унапредат своите знаења и да стекнат вештини со кои ќе придонесат за подобра грижа кон пациентите.

Регионалната школа за срцева слабост не е само медицинска конференција – таа е платформа што ја гради иднината на кардиологијата во Македонија и регионот. Преку собирот на 22 европски професори и повеќе од 150 локални и регионални специјалисти, Скопје станува симбол на соработка, знаење и посветеност кон здравјето.Овој настан ја отвора вратата за долгорочни партнерства и континуирана едукација, испраќајќи порака дека кардиологијата е наука која не познава граници и која својата сила ја црпи од заедничката работа и размената на искуства.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top