Бизнис

Николоски: Македонија е во ситуација да биде најконкурентна за транзит

Сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на Коридорот 10

Има сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на Коридорот 10, истакна синоќа вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски во гостување на ТВ Сител посочи дека побараното продолжување на рокот до 7 јули значи дека сериозно подготвуваат понуди.

-Очекувам дека ќе има конкуренција во понудата, односно дека ќе има повеќе од една сериозна финансиска институција која ќе достави  понуди, што сигурно потоа ќе ги натера да се натпреваруваат помеѓу себе и ние да добиеме поевтини средства. Очекувам до средината на јули веќе јавноста да знае, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Тој зборуваше и за плановите на соседните држави – Грција и Србија чии активности се насочени кон поврзување со Македонија со двоколосечни пруги, а најави и средби во текот на летото со претставници од грчката Влада.

– Можам да најавам дека очекувам во текот на јули да имам средби со претставници на грчката Влада, ресорните министри и други институции, на кои детално ќе зборуваме за проектот. Она што охрабрува е дека Грција предвиде некаде околу 640 милиони евра за целосна рехабилитација на пругата од Атина до Солун, која оди некаде до 20 километри северно од Солун. Со тоа остануваат уште 50 километри до Гевгелија, за кои иницијалната информација е дека веднаш штом ние почнеме да градиме на наша страна, ќе почнат и тие да градат на својата страна. Во делот на Србија, веќе имаат брза двоколосечна пруга од Белград, преку Суботица до Будимпешта. Сега градат Белград-Ниш, и бараат финансирање од Ниш до Скопје, со што очекувам и Србија да гради со нас, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Според него, сега Македонија е во ситуација да биде најконкурентна за транзит на мапата, а со изградбата на брзата пруга од Коридорот 10 ќе заработува по 120 милиони евра годишно.

 

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top