Бизнис

Нова инвестиција во автомобилската индустрија со повеќе од 30 милиони евра

Денес испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес одржа прес-конференција во медија Медија центарот на Владата.

– Денес испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Со особено задоволство ја објавувам новата инвестиција на Гемтерм, глобален лидер во автомобилската индустрија, кој покрај веќе постоечката во Прилеп започнува со свој план во процесот за проширување токму овде. Гемтерм со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигирна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции, изјави премиерот Мицкоски.

Инвестицијата согласно деловниот план на компанија ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра, со нови до 300 вработувања.

-Станува збор за високо интегрирани системи во автомобилската индустрија со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство. Ова значително ќе го зголеми извозот на ова високо техноложко производство кое докажува дека сме конкурентни на тој пазар, потенцира Мицкоски.

Премиерот упати благодарност до директорот на техничко индустриските зони, Димовски и до министерот за надворешни работи и надворешна политика за заложбите за остварување на оваа инвестиција.

-Ова не е само утре една инвестиција, ова е двигател на нашата економија, со вакви проекти расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, додаде Мицкоски.

Минатата година ја завршивме со рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции – над 1 милијарда и 255 милиони евра. Никогаш досега во историјата немало ваков прилив на капитал. Во првите месеци од годината расте индустриското производство, а во мај месец постигнавме историски највисоко ниво последната деценија од 9,4% раст на индустриското производство и тоа не се само зборови, тоа се реални бројки, резултат на довербата што инвеститорите ја имаат во овој нов политички амбиент, додаде Мицкоски.

„Свесен сум дека ќе треба уште еден извесен период ова да се почувствува и во реалната економска моќ на граѓаните, но правиме се тоа да биде што побрзо и тој период да биде што пократок. И тука морам да подвлечам – ова е суштинска разлика од минатото.

Во време кога владите трошеа енергија на корупција, на непотизам и на лажни ветувања, ние градиме реално, отвораме фабрики, носиме инвеститори, креираме иднина. Се бориме за секој инвеститор – домашен и странски. За секоја нова хала, секое ново работно место, секој денар инвестиран овде. Затоа што знаеме – економијата не се води со пароли, туку со проекти, со партнерства и со сигурни инвестиции.

Ние продолжуваме храбро, посветено, со работа. Ги поставуваме темелите на нов економски модел – модел во кој инвестициите се движечка сила, а македонскиот граѓанин – срцето на развојот. Gentherm е уште еден доказ дека доаѓа времето на Македонија. Доказ дека ги градиме темелите на промените – за вашето време кое доаѓа“, потенцира Мицкоски.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top