Бизнис

ОКТА ги објави финансиските резултати за деветте месеци од 2025 година

Во услови на конкурентна пазарна средина исполнета со предизвици, ЕБИТДА во првите девет месеци од 2025 година достигна 513 милиони денари

ОКТА ги објави финансиските резултати за деветте месеци од 2025 година, со ЕБИТДА од 513 милиони денари и добивка пред оданочување од 490 милиони денари. Иако засилената конкуренција влијаеше на извозната продажба, остварувањата беа поткрепени од намалениот негативен ефект од вреднувањето на залихите, зголемената продажба на електрична енергија и намалените оперативни трошоци.

Приходите од продажба во првите девет месеци од 2025 година достигнаа 28.136 милиони денари, наспроти 34.359 милиони денари во истиот период минатата година. Бруто добивката се зголеми за 20% споредено со истиот период лани и достигна  971 милион денари.

Во третиот квартал од 2025 година, цените на суровата нафта се намалија во споредба со истиот период од претходната година, првенствено поради нарушената рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката како резултат на зголеменото производство, како од страна на производителите од ОПЕК+, така и од оние производители кои не се членки на ОПЕК. Инфлациските притисоци продолжија да влијаат врз производните и логистичките трошоци, додека регионалните конфликти и трговските нарушувања придонесоа за зголемена краткорочна нестабилност. Генерално, расположението на пазарот остана претпазливо, во услови на успорен економски раст во клучните потрошувачки региони.

Обемот на продажбата во третиот квартал од 2025 година изнесуваше 317 илјади м³, што е намалување од 4% на годишно ниво, додека пак извозот имаше удел од 32% во вкупната продажба.

Бруто добивката се зголеми за 68% споредено со истиот период лани, на 418 милиони денари.

Прилагодената ЕБИТДА достигна 260 милиони денари, што е раст од 6% споредено со истиот период минатата година, првенствено поради повисоките маржи на електричната енергија. Прокнижената ЕБИТДА зголемена за 179% на годишно ниво, одразува позитивно влијание од вреднувањето на залихите од 4,6 милиони денари во споредба со негативните 151 милион денари претходната година. Нето добивката се зголеми на 232 милиони денари во споредба со 32-те милиони денари во соодветниот период во 2024 година.

Во согласност со своите стратешки приоритети и посветеноста на иднина со пониски емисии на јаглерод диоксид, ОКТА, во овој период, инвестираше 32 милиони денари во проекти за обновлива енергија, истовремено поддржувајќи ги и своите еколошки цели и долгорочното создавање вредности.

Покрај финансиските остварувања, ОКТА продолжи да ја зајакнува и својата улога како општествено одговорна компанија, преку проширувањето на своите иницијативи за превенција на пожари, безбедност во сообраќајот и зголемување на јавната свест преку партнерства со клучни државни институции.

Компанијата го продлабочи и својот придонес кон развојот на културата преку поддржување на големи фестивали и кинематографијата, потврдувајќи ја својата посветеност на зачувувањето на културното наследство на Северна Македонија. Мотивацијата на младите останува нејзин стратешки фокус, поттикнатa од успешна реализација на Програмата за стипендии на ОКТА, подржувајќи ја следната генерација професионалци кои ќе ја обликуваат работната сила во земјата.

ОКТА останува посветена на одржување на својата лидерска позиција на пазарот, обезбедување и  непречено снабдување на своите клиенти со висококвалитетни деривати, унапредување на иницијативите за автоматизација и ефикасност и поставување на силни темели за одржлив раст.

 

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top