Бизнис

ОКТА продолжува со мерките за поддршка на домашниот пазар: Компанијата воведува попуст од 2 денари за бензините

Оваа иницијатива е продолжение на серијата мерки за поддршка што ги спроведува ОКТА од март оваа година

Како резултат на тековните движења на меѓународните цени на горивата и континуираната конструктивна комуникација со Владата, ОКТА АД – Скопје донесе одлука да воведе привремен попуст од 2 денари по литар бензин (95 и 98 октани) во периодот од 2 до 16 јуни 2026 година.

Оваа иницијатива е продолжение на серијата мерки за поддршка што ги спроведува ОКТА од март оваа година, а имаат за цел ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународниот пазар врз домашниот пазар на горива

Попустот ќе важи за трговците кои работат на продажба на големо и мало и набавуваат бензин од ОКТА. Со оваа мерка компанијата им овозможува поддршката да ја рефлектираат во цените што им ги нудат на крајните потрошувачи. Како и досега, големопродажните и малопродажните трговци самостојно ќе ги утврдуваат своите крајни малопродажни цени, во согласност со нивните комерцијални политики и пазарните услови.

Вкупно, се очекува придонесот на Компанијата за поддршка на пазарот да надмине 7 милиони евра. Истовремено, ОКТА останува посветена на обезбедување сигурно и непречено снабдување со горива, притоа зачувувајќи ја долгорочната стабилност на своето работење и синџирот на снабдување.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top