Бизнис

Пари: Пресврт со позитивен финансиски исход, од Стопанска до АЛТА банка:

Од Банката нагласуваат дека резултатот е постигнат во услови на прудентна кредитна политика, со јасен фокус на подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, зголемена наплата и активно расчистување на нефункционалните пласмани

Порталот пари.мк објавува анализа за Годината во која Стопанска банка Битола почна со едени гази и име а ја заврши со променета сопственост и ново име – АЛТА банка Битола со што стана дел од српската АЛТА Групација.

Се работи за чекор што, според менаџментот, ги поставил темелите за стабилизација и нов развоен циклус.

,,Транзициската и пресвртна 2025 година ја заокружи со позитивен финансиски резултат, остварувајќи нето-добивка од 40,6 милиони денари. Иако добивката е пониска во споредба со ланските 163,17 милиони денари, од Банката нагласуваат дека резултатот е постигнат во услови на прудентна кредитна политика, со јасен фокус на подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, зголемена наплата и активно расчистување на нефункционалните пласмани. Годишниот план е реализиран со 44,93 проценти.

Кај нето-приходите од камати е забележано намалување од 22,2 отсто, при што износост е 359.898 илјади денари. Исто така, пониски се и нето-приходите од провизии и надоместоци, за 33,17 отсто, како што се наведува – главно поради намалените приходи и зголемените расходи за провизии кон добавувачите на услуги.

Од друга страна, нето-приходите од курсни разлики остануваат стабилни и позитивни, во износ од 19,57 милиони денари, и се речиси на истото ниво како и во 2024 година. Останатите приходи од дејноста бележат умерен раст од 1,42 милиони денари, односно 5,15 проценти, најмногу како резултат на зголемени приходи од дивиденди.

Значаен исчекор е направен кај управувањето со ризиците. Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа е позитивна и изнесува 19,4 милиони денари, што претставува значително подобрување во однос на минатата година, кога оваа позиција била негативна со 21,14 милиони денари. Истовремено, загубата поради оштетување на нефинансиските средства изнесува 20,53 милиони денари, и е поврзана со издвоените загуби за оштетување на преземениот имот, согласно регулативата на НБРСМ.

На расходната страна, трошоците за вработените се намалени за 2,82 проценти. Останатите расходи од дејноста се зголемени за 3,91 насто, додека амортизацијата пораснала за 11 насто.

И покрај предизвиците, Банката во текот на годината остварила високи ликвидносни и капитални показатели. Стапката на адекватност на капиталот на крајот од годината изнесува 33,39 проценти, додека учеството на ликвидната актива во вкупната актива достигнала 49,92 проценти, нивоа кои се значително над просекот во банкарскиот сектор, истакнуваат од АЛТА банка”, се вели во анализата.

Според оценката силната капитализираност и високата ликвидност претставуваат клучна основа за долгорочна финансиска стабилност и за спроведување на најавените промени, со јасен фокус на дигитализација, иновации и унапредување на корисничкото искуство, во согласност со стратегијата на АЛТА Групата.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Најнови вести

To top