Бизнис

Пониски цени за над 300 лека, ќе почнат да се применуваат од 1 мај

Министерството за здравство информира дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно важечката методологија за формирање на цените.

– Цените на лековите претставуваат клучен инструмент за обезбедување достапна терапија за граѓаните и одржливост на здравствениот систем, поради што нивното утврдување е стратешка одлука со директно влијание врз јавните здравствени расходи, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Врз основа на анализите и преговорите, утврдени се намалувања на максималните цени кај лековите каде што постојат соодветни пазарни показатели. На веб страницата на Министерството се објавени одлуките со новите намалени максимални цени, при што намалување е постигнато кај: 156 оригинаторни лекови, 174 генерички лекови, 13 лекови од интервентен увоз. „Новите цени ќе почнат да се применуваат од 1 мај, годинава, по периодот во кој фармацевтските компании ќе ги усогласат цените во прометот на големо и мало.

Особено го издвојуваме намалувањето на цената на лекот „Ксарелто“ (ривароксабан), кој се користи во третман на кардиоваскуларни заболувања. Кај овој лек е постигнато значително намалување на цената во прометот на големо:

-за таблети од 15mg и 20mg: од 2.307,48 денари на 1.606,10 денари

-за таблети од 10mg: од 824,10 денари на 589,45 денари.

Со оваа мерка се овозможува поголема достапност на терапијата за пациентите, особено имајќи предвид дека станува збор за лек кој често се набавуваше од странство поради пониски цени, потенцира Алиу. Министерството за здравство информира дека овој лек е приоритет за вклучување на позитивната листа за примарна здравствена заштита во текот на 2026 година. Предлогот е веќе доставен до Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, со што се очекува дополнително олеснување на трошоците за пациентите преку утврден надомест од државата, а пациентот ќе имаат право на избор на лек од различен производител.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top