Бизнис

Првите 30 нови автобуси ќе стигнат до декември или јануари, најави Николоски

Второстепената комисија за жалби по јавни набавки денеска ја отфрли единствената жалба, следува договор со производителот

Македонија е пред потпишување договор со единствениот понудувач на конкурсот, откако денеска е одбиена единствената поднесена жалба, а првите 30 нови електрични автобуси се очекуваат до декември или јануари, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„Заврши и процесот на жалби, имаше една поднесена жалба и денеска беше отфрлена од Второстепената комисија за жалби по јавни набавки, такашто овојпат процесот е целосно успешно завршен. Сега влегуваме во потпишување договор, шест месеци е рокот за испорака од потпишувањето, па моето барање до понудувачот, кој сега и официјално ќе биде контрактор со државата, е првите автобуси да стигнат во декември или во јануари. Договорот е првите 30 да стигнат во рок од шест месеци, но тие се тие за кои велам да стигнат до декември/јануари, уште 60 да стигнат во рок од 12 месеци и уште 60 во ток од 18 месеци. Така што, за година и половина треба да заврши целата постапка, а првите 30 се надевам дека ќе ги имаме до декември/јануари“, изјави Николоски во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Сто од новите автобуси се наменети за Скопје, а останатите 50 за други градови во државата.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top