Бизнис

Ристески: Ќе преземеме мерки ако утврдиме неосновано зголемени маржи

И годишните податоци од Пазарниот инспекторат ги сублимираме, ги анализираме заедно со Владата

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески денеска го повтори ставот на премиерот, дека ако се утврди зголемување на маржите за одредени производи, прво ќе се разговара со субјектите, а потоа, ако се утврди дека покачувањето е неосновано, ќе се преземат мерки.

– И годишните податоци од Пазарниот инспекторат ги сублимираме, ги анализираме заедно со Владата. Ќе видиме кои ќе бидат наредни мерки. Меѓутоа, она што го кажа премиерот јас ќе го повторам, дека онаму каде што ќе потврдиме дека има малку повисоки маржи – не секаде, некаде има и пониски од она што го покажува анализата, прво ќе се обидеме да разговараме, да видимекоја е причината што ги покачиле нивните маржи. Ако утврдиме дека не е основано, тогаш ќе имаме и одредени мерки кои би ги презеле – дали конкретно према нив или поопшти мерки – ќе видиме, рече Ристески, одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора.

Оваа Влада, потенцира Ристески, работи по пазарни услови – пазарна економија.

-Ние не одиме со ограничување и гледаме дека самиот пазар, на понуда и побарувачка, ги регулира добро цените, бидејќи порано, и некоја претходна Влада која нон-стоп имала вакви одлуки, мерки, ограничување на цени, директно мешање во пазарната економија – можеби ефектот бил мал додека трае мерката, меѓутоа тоа се пресликувало и се дуплирало во наредниот период кога ќе заврши мерката и тоа не е добро, зашто на крај, тоа го плаќаат повторно граѓаните. Затоа, пазарната економија регулира, меѓутоа онаму каде што нема пазарна логика во зголемувањето на некои цени, маржи и така натаму, е таму ќе реагираме, бидејќи не сакаме да прават екстра профити на грбот на граѓаните во вакви тешки услови кога имаме светска економска, енергетска криза, истакна заменик-министерот.

Според него, мора да се внимава.

-Тоа го сублимираме, разговараме, нон-стоп имаме дијалог – тоа ќе го потврдат и стопанските комори. Имаме дијалог и со маркетите и со трговците и со добавувачите, производителите, постојано сме во комуникација со увозниците. Цело време сме во тек и досега Владата покажа дека исправно постапува. Имаме и една од најниските инфлации во регионот, а со тоа директно сме ги заштитиле и животниот стандард, колку што можеме повеќе во овие тешки услови, меѓутоа без да направиме штета на приватното стопанство и економијата, бидејќи нив многу им помогнавме со тие мерки кои ги спроведовме во однос на енергенсите, а се еден од главните инпути во цените на крајниот производ, нагласи Ристески.

Тој се согласи дека граѓаните, сепак, ја гледаат крајната цена.

-Тоа е визуелниот ефект, но статистичките податоци ја даваат и комплетната економска состојба во Македонија. Не дека е идеално, не дека сме задоволни како Влада од инфлацијата, од цените – сакаме уште подобар да има животен стандард, меѓутоа треба да правиме многу добро анализирани и квалитетни мерки, кои навистина нема да направат од една страна уништување на животниот стандард на граѓаните како што било претходно, а од друга страна потрес на приватното стопанство и економија во Македонија. Треба тоа да биде балансирано, во економијата треба да има балансирани работи за да опстојува државата и да оди напред, напомена Ристески.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top