Бизнис Свет

Сериозно поскапување на автомобилите во САД, можно е да се преслика и во Европа?!

На салоните за автомобили во САД им претстои нов бран поскапувања што се предизвикани од новите царини. Три модели на Форд што се произведуваат во Мексико, кон завршетокот на јуни ќе добијат цени повисоки до 2.000 долари. Тоа ќе биде вториот ценовен удар што ќе направи автомобилите да станат недостапни за широк круг купувачи во […]

На салоните за автомобили во САД им претстои нов бран поскапувања што се предизвикани од новите царини. Три модели на Форд што се произведуваат во Мексико, кон завршетокот на јуни ќе добијат цени повисоки до 2.000 долари. Тоа ќе биде вториот ценовен удар што ќе направи автомобилите да станат недостапни за широк круг купувачи во Соединетите Држави. Статистиките уште пред тоа покажаа дека ситуацијата е влошена, откако администрацијата на Трамп пред шест недели воведе нови и повисоки царини.

И покрај добрата продажба во април – повеќе производители, меѓу кои Форд и Стелантис, настапуваа со големи попусти – просечната цена на нов автомобил во САД во минатиот месец се зголеми за 2,5 проценти. Студии покажуваат дека цената на месечните рати пораснала во просек за 3 проценти и изнесува 753 долари, што е највисока вредност годинава.

За да се купи нов автомобил по просечна цена, треба да се работи една недела повеќе. Се очекува овој тренд да продолжи, бидејќи производителите на автомобили мораат да се справуваат со сменетата трговска политика на САД, што ги наруши плановите за производство и оневозможи да се менаџираат залихите од возила и цените.

  • „На купувачите ќе им биде уште потешко во летните месеци,“ изјави Чарли Чесбро, виш економист на Кокс Аутомотив, за Аутомотив Њуз.

Од 3-ти април, увозот на патнички и лесни доставни возила во САД подлежи на царина од 25 проценти. Изземени се возилата што се произведуваат во Канада и Мексико, коишто ги задоволуваат условите во трговската спогодба меѓу САД, Канада и Мексико, меѓутоа за деловите во нив, што потекнуваат од увоз, исто така се плаќа царина од 25 проценти.

Посебни правила важат и за возилата што се увезуваат од Обединетото Кралство, по склучениоѕ договор. Првите 100.000 возила што ќе бидат увезени од ОК за една година, ќе подлежат на царина од 10 проценти. За секое следно возило над таа квота, ќе се плаќа царина од 25 проценти за увоз во САД.

Чесбро објаснува дека зголемената продажба во април е резултат од тоа што дел од купувачите побрзале да ги купат поскапите модели што им биле планирани, а посебно луксузните автомобили од увоз, за да ги избегнат поскапувањата. Тој додава дека производителите во април веќе почнале да ги скусуваат попустите, што им остава помалку простор на дилерите.

  • „Тие знаат дека нивните залихи имаат вредност, а идните залихи ќе чинат повеќе,“ вели Чесбро. „Очекуваме цените да пораснат во текот на летото, додека залихите ќе се смалуваат.“

Најнови вести од: Бизнис Свет

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

To top