Бизнис

Скок на инфлацијата и поскапувања во Грција поради конфликтот на Блискиот Исток

Зголемени цени на горивата, транспортот, храната и гардеробата бележи Грчката статистичка агенција ЕЛСТАТ

Влијанието на конфликтот на Блискиот Исток веќе се чувствува во Грција, според студијата на Грчкиот статистички завод (ЕЛСТАТ), која покажува скок на инфлацијата од 2,6 проценти месечно и 3,9 проценти годишно.

Притисоци се забележани во енергетскиот сектор, каде што цените на горивата бележат двоцифрени зголемувања, објавува „Екатимерини“.

Во споредба со февруари, инфлацијата во транспортот изнесуваше 7,3 проценти.

Промени се забележани кај дизел горивото (24,1 процент), бензинот (11,4 проценти) и другите горива (19,8 проценти).

Цените на авионските билети се зголемија за 26,2 проценти на месечна основа.

Цените на храната продолжија да растат за 0,2 проценти на месечна основа, со зголемување на цените на јогуртот (три проценти), овошјето и зеленчукот (2,2 проценти), додека е забележано намалување на цените на тестенините (3,5 проценти), говедското месо (0,5 проценти), свежата или замрзнатата риба (3,3 проценти) и маслото за јадење (1,6 проценти).

Покрај енергијата, забележано е и месечно зголемување од 21,9 проценти на цените на облеката и обувките, што се поврзува со враќањето на цените по зимските распродажби.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top