Бизнис

ТАВ Македонија демантира дека лажела за награда туку дека ,,адаптирала и локализирала”

Во демантот „ТАВ Македонија“ негира дека компанијата лажела, туку дека го „адаптирала и локализирала официјалниот англиски назив на наградата“

Од „ТАВ Македонија“ испратија демант поврзан со текстот објавен на „Слободен печат“ насловен „ТАВ ја погреши категоријата: скопскиот аеродром не е награден како „најпријатен“, туку за најлесно поминување“.

Дописот од компанијата го објавуваме во целост:

„Во врска со текстот објавен денеска, 4.9.2026 година, на веб изданието на „Слободен печат“, насловен „ТАВ ја погреши категоријата: скопскиот аеродром не е награден како „најпријатен“, туку за најлесно поминување“, по дистрибуирано соопштение од ТАВ Македонија, исто така денеска, 4.9.2026, со наслов „ТАВ Аеродроми: Меѓународниот Аеродром Скопје официјално ја доби наградата ASQ за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI во Истанбул“, би сакале да појасниме дека не станува збор за неточно известување, туку за адаптација и локализација на официјалниот англиски назив на наградата за потребите на македонската јавност.

Официјалниот назив на признанието што го доби Меѓународниот Аеродром Скопје – „Easiest Airport Journey in Europe“ при подготовка на соопштението на македонски јазик беше преведен и адаптиран како „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“, со цел на пошироката јавност да ѝ се доближи суштината на признанието. Воедно, потсетуваме дека истото признание со истиот назив беше искомуницирано со јавноста и во 2025 година, што дополнително потврдува дека станува збор за континуитет во начинот на неговото претставување, а не за нова или изменета интерпретација.

Имено, категоријата „Easiest Airport Journey in Europe“ во рамки на ASQ наградата се однесува на искуството и патувањето на патниците низ аеродромот, односно на нивното корисничко искуство при престојот и минувањето низ аеродромот, а не на самиот аеродром како објект и ги опфаќа аспектите на непречено, едноставно, ефикасно и удобно движење на патниците низ сите аеродромски процеси. Затоа, формулацијата на македонски јазик е адаптирана за комуникациски цели, со намера пораката да биде поприродна и појасна за домашната јавност, без да претставува буквален превод на нејзиниот официјален назив, како и без промена на суштината и значењето на признанието.

Оттука, отфрламе каква било импликација дека постоела намера за погрешно претставување на признанието. Меѓународниот Аеродром Скопје е добитник на наградата „Easiest Airport Journey in Europe“, а употребената македонска формулација има за цел да го доближи нејзиното значење до јавноста, без притоа да се менува карактерот, содржинатаили вредноста на признанието.

Сметаме дека ваквото толкување може да создаде погрешна перцепција кај јавноста и непотребно да го засени значењето на признанието, како и резултатите и заслугата на ТАВ Македонија и целиот аеродромски тим, кои континуирано работат на подобрување на услугите и обезбедување квалитетно искуство за патниците“, велат од „ТАВ Македонија“.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top