Бизнис

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола посветени сме на највисоките стандарди во интерес на заедницата

ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина.

Компанијата ТИТАН Усје соопшти дека останува посветена на примена на највисоките еколошки стандарди и целосно почитување на законската регулатива, откако во март годинава до Министерството за животна средина и просторно планирање поднесе апликација за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола. Од компанијата посочуваат дека постапката е спроведена согласно важечките законски и подзаконски акти и дека целокупната документација е јавно достапна за увид на сите заинтересирани страни.

  • „Како прва компанија во Скопје што доби А-интегрирана еколошка дозвола и една од првите во државата, ТИТАН Усје уште тогаш ја потврди својата определба за примена на највисоки стандарди во индустријата. Компанијата е во постојан инвестициски циклус за модернизација и унапредување на процесите“, наведуваат од ТИТАН Усје.

Оттаму истакнуваат дека строго ги почитуваат сите обврски што произлегуваат од важечката регулатива и дека внимателно ги следат сите законски измени, како во домашното така и во меѓународното законодавство.

  • „ТИТАН Усје строго ги почитува сите обврски што произлегуваат од важечката регулатива и останува целосно посветена на усогласување со сите идни законски решенија што ќе стапат во сила. Компанијата со големо внимание ги следи сите законски промени и континуирано инвестира во нова технологија за да може да се усогласи со регулаторните барања“, соопштија од компанијата.

Во соопштението се наведува дека во изминатите 15 години се инвестирани 29 милиони евра во модернизација на производството и мерки за заштита на животната средина. Од ТИТАН Усје нагласуваат дека јавноста има право да биде информирана за сите прашања поврзани со животната средина и дека компанијата останува отворена за дијалог заснован на факти и стручни аргументи.

  • „Транспарентноста, почитувањето на законите, процедурите и конструктивната комуникација се најдобриот начин за градење доверба и заеднички придонес кон подобра животна средина“, велат од компанијата.

Според ТИТАН Усје, во изминатите години биле реализирани значителни инвестиции во современи технологии и опрема за заштита на животната средина, вклучително и најсовремени системи за филтрација и независен систем за континуирано следење на емисиите.

  • „Резултатите од редовните и контролните мерења потврдуваат дека сите параметри се во рамки на законски пропишаните вредности, при што дел од нив континуирано се повеќекратно пониски од максимално дозволените лимити“, наведуваат од компанијата.

Оттаму додаваат дека преку континуирани инвестиции во технологија и управување со процесите се применуваат најдобрите достапни техники и стандарди во индустријата, со цел дополнително намалување на влијанието врз животната средина. Компанијата истакнува дека се придржува и до меѓународно признатите „ESG“ стандарди, со што, како што велат, ја потврдува долгорочната посветеност кон заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и современото корпоративно управување.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top