Бизнис

(Видео): Новата дозвола за „Титан-Усје“ ќе е по параметри од новиот Закон, кажа министерот Хоџа

Обновената дозвола на „Усје“ ќе биде според новиот закон за контрола на индустриските емисии, вели ресорниот министер Мухамед Хоџа.

Во тек се стандардните процедури за обнова на А-интегрираната дозвола за „Титан-Усје“, кажа министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа. На новинарско прашање според кој закон ќе биде доделена дозволата за Усје, министерот одговори:

  • „Новата дозвола на Усје ќе биде со параметри од новиот закон кој стапува во сила септември 2027 година. Ветувам дека целата постапка ќе биде транспарентна и јавноста ќе биде цело време известувана за сите постапки кои ќе се одвиваат во текот на обновата на дозволата“.

Цементарницата кон крајот на мај побара ресорното министерство да ѝ ја обнови дозволата. Процесот будно го следат екоактивисти, кои изминатиов период и преку протести порачаа дека го мониторираат процесот и обвинуваат дека компанијата бара да продолжи да работи со старите гранични вредности за загадување.

Во петокот се одржа јавна расправа на која учествуваа граѓани, членови на еколошки и граѓански здруженија, претставници на компанијата, како и на надлежните институции. Таму, од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” прашаа дали може да се гарантира дека децата кои живеат околу цементарницата „Усје“ не се изложени на загадување од токсични материи, а од Министерството за животна средина им кажаа дека ќе одговорат написмено.

Од граѓанската иницијатива „Стоп за УСЈЕ” рекоа дека ниту со новата дозвола нема ништо да се смени бидејќи се дозволуваат високи вредности. Тие велат дека никаде експлицитно не е напишано дека дозволата ќе се даде по новиот закон. Претставници на компанијата на јавната расправа презентираа како работат, тврдејќи дека ги почитуваат европските стандарди и дека се контролирани од Министерството за животна средина.

https://youtu.be/HV60tW15lzM

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top