Бизнис

(Видео): Од август ќе почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце

Потпишан е договор за грант и заем за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Проектот вреден над 220 милиони евра предвидува пет тунели, девет мостови и рок за изградба од четири години.

Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој ставија параф на документот за грант и заем за изградба на автопатот Скопје – Блаце. Проектот е вреден нешто повеќе од 220 милиони евра, од кои 30,8 милиони евра се грант од Европската Унија, а 167,6 милиони евра се кредит од ЕБОР. Изградбата на патот, кој ќе ја подобри поврзаноста со Косово, треба да почне во август, а рокот за реализација е четири години. Договорот го потпишаа директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, и директорот на ЕБОР за Македонија, Фатих Туркменоглу.

Според Трајановски, новата делница од автопатот Скопје – Блаце, која се протега од клучката Стенковец на скопската обиколница до граничниот премин Блаце кон Косово, е долга 10,5 километри. Имајќи предвид дека претходно беа изградени околу 1,5 километри, целокупната должина на автопатот од клучката Стенковец до границата ќе изнесува 12 километри.

  • Теренот е ридско-планински и е дел од масивот Скопска Црна Гора. Ова е исклучително тежок терен за градба. Затоа проектот предвидува изградба на пет двоцевни тунели со вкупна должина од околу пет километри, девет мостови во должина од 2,5 километри, 11 надвозници, четири галерии и девет потпорни ѕидови за стабилизација на наклонот – изјави Трајановски.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека по повеќе од две децении најави, проектот конечно влегува во фаза на реализација и порача дека Владата ќе биде препознаена по реализација на капитални инфраструктурни проекти.

  • Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти. По две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Очекувам на целата територија на државата во исто време да се реализираат шест автопатски делници, што ќе претставува голема додадена вредност за македонската економија и ќе го поттикне економскиот развој – изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека за разлика од минатото, кога проектот останувал само предизборно ветување, сега се обезбедени финансиските средства, потпишани се договорите и избран е изведувачот.

  • Наместо нови ветувања, денес имаме обезбедени средства, потпишани договори, избран изведувач и почната реализација. Очекувам веднаш по изборот на надзорот, веќе овој или следниот месец, да почнат и теренските активности – рече премиерот.

Покрај оваа, која треба да го поврзе Скопје со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата што треба да ги поврзе и Тетово и Гостивар, потоа Гостивар со местото Букојчани, а при крај е и делот од автопатот Кичево – Охрид, во фаза на изградба е Прилеп – Битола, и наскоро ќе биде завршена и процедурата за пробивање на трасата која треба да го поврзе Букојчани со Кичево.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека автопатот Скопје – Блаце има стратешко значење бидејќи е дел од трансевропската маршрута 6, која ќе ги поврзе Скопје и Приштина, а понатаму и со Тирана и со пристаништата во Драч и во Бар.

  • Без разлика што немаме излез на море, на овој начин државата може да стане стратешки најважна точка на Балканот, преку која ќе се вкрстуваат бизнисот, трговијата, туризмот и економската размена. Токму реализацијата на овој проект е конкретна поддршка на таа визија – нагласи Николоски.

Тој додаде дека рокот за изградба е четири години, но изрази очекување проектот да биде завршен и пред предвидениот рок, нагласувајќи дека изборот на домашната компанија „Гранит“ покажува дека македонските градежни компании имаат капацитет да реализираат големи инфраструктурни зафати. Изведувачот и консултантот се веќе избрани, додека постапката за избор на надзор е во завршна фаза. Според договорот, изградбата треба да трае околу четири години.

Најнови вести од: Бизнис

Новите инвестиции доказ дека Македонија е сè поатрактивна за вложување на капитал

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека новите ифабрики и странски инвестиции се потврда дека со политките на Владата Македонија станува сè поатрактивна за инвестирање. „Брејнчајлд“ и „Магна Мехатроникс“ веќе почнаа со работа, а „Амфенол“ и „Гемтерм“ најавуваат нови вработувања, се наведува во соопштенето заедно со бројки за вредноста на инвестициите и новите работни места.

Прометот на Македонска берза падна за 53,78%, „Алкалоид“ со најголем раст

И покрај послабата берзанска активност, акциите на „Алкалоид“ забележаа најголем неделен раст од 9,37 отсто. Позитивно движење имаа и „Гранит“, со раст од 2,6 отсто, како и „Македонски Телеком“, чии акции поскапеа за 2 отсто.

АД ЕСМ ќе купува јаглен од косовската КЕК во следните три години

АД ЕСМ  согласно владина одлука,  потпиша стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК за експлоатација на околу три милиони тони јаглен од рудникот Обилиќ во наредните три години по гарантирана фиксна цена од 24, 4 евра за тон, соопшти компанијата. Договорот официјално го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и генералниот директор на КЕК, Грамос Хашани.

Продолжува поставувањето на батериски системи – клучен чекор во енергетската транзиција

Батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ, на сопствените електрани и на електрани на клиенти,  се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

„Макпетрол“ со 17,83 милијарди денари приходи и 475 милиони денари добивка во првото полугодие

На годишното собрание на акционери во мај 2026 година е донесена и одлука за исплата на дивиденда за 2025 година во вкупен бруто-износ од 467,3 милиони денари, односно 4.620 денари бруто по акција, со рок за исплата најдоцна до 30 септември 2026 година.

Владата со билатерални договори ќе ги олеснува последиците од ЕЕС системот за превозниците

Македонија со билатерални договори го решава проблемот со камионскиот транспорт во Шенген-зоната, рече министерот за транспорт Николоски. Во однос на најавените протести вели дека не смееме да паднеме во замката на колективизација.

To top